Се повеќе гејмери трошат пари на виртуелни добра, жените трошат повеќе

Една третина од глобалната гејмерска популација користела реални пари, наместо виртуелна валута, за да купи виртуелни добра, се вели во анкетата на Play Star, платформа на Visa за монетизирање на виртуелни добра, и истражувачката фирма VGMarket.

Од играчите кои користат реални пари за виртуелни добра, 57 отсто велат дека купуваат виртуелни добра барем еднаш месечно. Од нив играчите на конзоли со онлајн игри се одговорни за 51 отсто од виртуелни продажби, додека друштвените игри се на второ место со 30 отсто од продажбите. На трето место се масивните мултиплеери (MMO).

Од 1.000-те гејмери oд САД кои учествувале во анкетата, 72% велат дека ќе продолжат да трошат пари на виртуелни добра во 20011-та како што трошеле во 2010. Една причина за трошење повеќе е бидејќи играчите играат повеќе игри, додека 42 отсто од гејмерите велат дека сега имаат повеќе пари за трошење. Друга причина што ги мотивира гејмерите да трошат пари е поедноставеното наплаќање и подобрите награди во игрите.

Интересно, женските гејмери се со три пати поголема шанса да ги искористат Facebook Credits за купување на виртуелни добра или отклучување на содржина. Женските гејмери исто така трошеле повеќе во MMO игрите каде во просек торшат 111 долари, наспроти 74 долари колку што трошат машките.



(via TechCrunch, слика via Phillip Torrone/Flickr)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии