Се повеќе фотографии и видеа се снимаат со паметни телефони

Често кога е потребно да се зачува момент луѓето не носат камери и фотоапарати, но затоа при рака им се телефоните. Во изминатава година паметните телефони, односно леснотијата во нивното користење и квалитетот на видеото и фотографии, се користеа за споделување фотографии од револуции и протести во најразлични земји до сликање и зачувување друштвени моменти од журки, забави и семејни ручоци.

Истражувачката компанија NPD објави интересна статистика дека во САД скоро 27 отсто од фотографиите и видеате доаѓаат од паметни телефони. Ова се открива од онлајн анкета во која учестуваа 3.300 американски корисници со возраст од 13 до 80 години.

Иако стаститиката е за корисници од САД, сепак очигледно е дека паметните телефони стануваат омилен „фотоапарат и камера“ за многу луѓе ширум светот. Моментално на глобално ниво паметните телефони заземаат смо 30 отсто од пазарот, но никој нема да се посомнева во вас доколку очекувате таа бројка да порасне.

Спротивно на растот на паметни телефони, продажбата на фотоапаратите и камерите опадна во изминатава година, односно забележани се 17 отсто помалку продажби и 18 отсто помал профил од продажба на фотоапарати.

Сигурно е дека во иднина паметните телефони ќе бидат алтернатива за фотоапаратите, пред се благодарение на квалитетот на камерите, кои сега се од 5 или 8 мегапиксели, но и поради апликациите за едитирање на фотограии како Instagram.

1 коментар на “Се повеќе фотографии и видеа се снимаат со паметни телефони

  1. Немаше да биде грешка ако ставевте акцент на едно `е` во насловот:
    Се повеќе фотографии и видеа се снимаат со паметни телефони
    Ако не знаете каде, прашајте некој што е малку повнимателен кој мајчиниот јазик.
    Поздрав

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии