Се појави првиот трејлер на Grand Theft Auto 5

По три години развој Rockstar Studios конечно и офицјално го најавија петтото продолжение на легендарната Grand Theft Auto. Според првичното видео се покажаа точни информациите дека GTA повторно се враќа во Лос Анѓелес. Со оглед на тоа дека за потребите на играта L.A. Noir веќе имаат изработено поголем дел од градот во тресеттите години можеби со мали корекции ќе можат да го искориста истиот или сепак ќе се задржат на Сан Андреас верзијата на Калифорнија.

Добра вест е и дека по неуспешниот експеримент со релативно непознати гласови, за новото продолжение Rockstar се вратија на испробаниот рецепт и во март годинава испратија оглас за ангажирање на актери.

Што се однесува до приказната во играта првото видео кажува релативно малку дали ќе видиме нов протагонист во главната улога или сепак е можно да се вратат поназад и да ја продолжиме приказната на Томи Версети главниот карактер на GTA Vice City. Една од работите на кои се надеваме е дека повторно ќе видиме интересни карактери базирани на вистински личности или на интересни филмски ликови. За подетални информации сепак ќе треба да ги причекаме следните видеа, следното видео е најавено веќе за следната недела па нема предолго да чекаме да видиме што ни приготвуваат Rockstar за ова продолжение.

Играта е најавена за следната година а останува прашање и дали играта ќе дочека и своја PC верзија со оглед на тоа дега играчите на PC сè уште ја чекаат сега веќе поостарената хит игра Red Dead Redemption.

2 коментари на “Се појави првиот трејлер на Grand Theft Auto 5

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии