Се појави iOS 7 Jailbreak, но можеби не треба да се избрзува

По неколку месеци од објавување на новиот редизајниран iOS 7, сега се појави и Jailbreak алатка за отклучување на iPhone, iPod и iPad-ите. Но, иако алатката овозможува да се тргнете од канџите на Apple во смисла на поставените ограничувања, во замена за поголема слобода и персонализација, сепак се чини дека тимот кој стои зад отклучувањето, Evasion team, има задна намера.

Evasion во алатката има додадено Cydia продавница за апликации која не е официјална, ниту тестирана. Но, тоа што е поголем проблем што става поголемо сомневање врз алатката е што, на уредите сетирани на кинески јазик, ја инсталира и Tiag кинеската продавница за кракувани апликации. Според членовите на Evasion тимот, тие не биле свесни дека Taig продава пиратирани апликации, всушност тимот побарал да нема кракувани верзии. „Посрамени сме и длабоко се извинуваме“, вели тимот на својот блог. Но, и покрај нивното извинување, не е тајна дека тимовите кои имаат jailbreak алатки заработуваат пари од својот софтвер, дали преку продавање на реклами или преку партнерства со други компании. За безбедноста и легалноста на кинеската продавница има цела дискусија на Reddit.

Kако и со секој jailbreak, ќе треба да бидете претпазливи и да имате знаење ако сакате да го отклучите телефонот, бидејќи покрај персонализацијата и изборот на скриени функционалности, факт е дека ќе се соочите со проблеми. Бекапот е задолжителен!

[youtube]ID9EGhmDUng[/youtube]

2 коментари на “Се појави iOS 7 Jailbreak, но можеби не треба да се избрзува

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии