Се појави Android 4.3 за Google Nexus 4

На почетокот на овој месец се појавија првите фотографии од Android 4.3 Jelly Bean за Samsung Galaxy S4, а пред два дена веќе Џеф Вилијамс на својот Google+ профил ја објави фотографијата од својот Nexus 4 на кој може да се види дека работи на верзијата 4.3 на Android.

За кратко време, присутните корисници на IRC каналот #Android43 на freenode, заедно со г. Вилијамс направија системски дамп со кој се потврди дека му припаѓа на Nexus 4 и го има бројот JWR66N. Во моментот не е целосно функционален, односно не работат радиото и бут-лоадерот, но Џеф вети дека тие ќе бидат достапни наскоро и корисниците ќе може да го портираат на своите Nexus 4 уреди.

Доколку сте заинтересирани и сакате да го инсталирате Android 4.3 на вашиот Nexus 4, од Android Police имаат објавено чекор по чекор инструкции за како да го сторите тоа. Android 4.3 за Nexus 4 можете да го преземете од некој од линковите објавени овде.

[youtube]http://youtu.be/sIwNoeaBhnc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии