Се поголем е пазарот на евтини паметни телефони

Дали генералната насока во продажбата се движи од квалитетни телефони кон поефтини телефони? Според предвидувањата на пазарот до 2016 година дури 31 отсто од паметните телефони ќе бидат ефтини и помалку квалитетни, јавува BBC. Можеби затоа Apple размислува за поевтин iPhone.

Во корист на предвудвањата оди и интересниот факт што Nokia Asha е продава подобро од Lumia. Вкупно 14 милиони Asha и Lumia паметни телефони се продадени во последните три месеци. Од овој број само 4,4 милиони Lumia телефони и 10 милиони Asha.

 „Помали и поефтини телефони, со процесори стари од  две до три години, со мали екрани со ниска резолуција и лоши камери. На нив може да проверите имејл и да прелистувате по интернет, но играњето и интернет искуството е многу подобро на новите телефони.“, вели Иан Фог аналитичар во IHS.

Во иднина сите производители ќе мора да се посветат на изработка на неколку типови на телефони. Најсовремни кои ќе бидат за најпребирливите потрошувачи, на пример денешните iPhone кој чинат стотици долари, но и на ефтини и квалитетни телефони кои треба да ги заменат телефоните кои сега чинат педесетина долари.

Иако анализата пред се се однесува на iPhone, ова правило ќе важи за сите производители. Барем во догледно време аналитичарите предвидуваат поголем пораст на пазарот за евтини телефони од ниска и средна класа отколку телефони од најновите генерации.

5 коментари на “Се поголем е пазарот на евтини паметни телефони

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии