Се подготвува ли Велес повторно да биде во центар на претседателската трка во САД

Facebook страницата на здружението Vets for Trump,  повторно е во рацете на оригиналните сопственици, но за кратко Македонија, Велес, а овојпат и Куманово повторно беа на страниците на светските медиуми.

Vets for Trump е страница на воени ветерани кои го поддржуваат претседателот Доналд Трамп. Од март оваа година оригиналниот сопственик на страницата Влад Леменц вели дека измамници од Македонија му ја украле facebook-страницата. Оваа страница го менувала администраторот неколкупати, а помеѓу сопствениците е и Пане Арсов, брат на најпознатиот велешанец барем кога лажните вести се во прашање, Трајче Арсов.

Се започна со писмо до сопствениците на страницата кое ветуваше поголема заработка. Андреј Спасовски, или човек кој се идентификувал како него, им испратил порака на сопствениците за страницата ветувајќи им заработка од илјадници долари од реклами. Контролата на содржината ќе им останеше во контрола на „Американците“, а за заработката ќе се грижеше надворешен партнер. Рекламите требаше да се испорачаат преку платформата Ad Break, со седиште лоцирано во Куманово.

Набрзо „падна“ договор администраторот на faecbook-страницата Џошуа Мацијас доби администраторско место на страницата на Ad Break, a Ad Brake стана администратор на „Vets for Trump“. Набрзо по ова г. Мацијас беше отстранет од двете страници, а како нов сопственик беше посочен г. Спасовски.

Дури неколку месеци подоцна во целата „приказна“ се вклучува и Трајче Арсов, кој вели дека нема врска со оваа страница која ја купил неговиот брат Пане, но не од некое од лицата кои се споменуваат во Washington Post.

„Законски ја купи. Во моментот на купување, тој се легитимираше како сопственик и тоа го утврдив со увид во тие коишто ја администрираат таа страница. Во март била преземена од некој дечко од Куманово извесен Андреј Спасовски. Јас не им ги знам релациите и не знам кој е тој. Брат ми ја купи од сосема друго физичко лице кое не е од Македонија. Дали тој Андреј му ја продал на тој или во меѓувреме му ја превзеле и му ја вратиле назад, не знам.

Фејсбук не ги знае фактите дали во меѓувреме имало купопродажба, дали имало легално или нелегално плаќање, фејсбук им ја враќа на оние коишто ја креирале“, вели Арсов, за Слободна Европа.

Во август страницата им била вратена на претходните сопственици. Вообичаено сопствениците на овие страници иако можеби поддржуваат некоја политичка гарнитура, содржината ја креиаат за кликови, поточно за максимизирање на заработката.

Во моментов претседателските кандидати во САД се подготвуваат за изборите што е одржуваат 2020 година. Веројатно  и купувањето на вакви страници со над 100 000 корисници се дел од подготовките на порталите кои заработуваат најмногу во овој период.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии