Се побрз интернет во Европа и се цели кон побезбеден облак

Се повеќе конекции имаат брз широкопојасен интернет. Но ова е само, вели Европската комисија. Во јули 2010 скоро 30 отсто од широкопојасните линии во Европа достигале брзина од 10 Mbps пренос на информации, што е двојно повеќе од 15-те отсто од ланскиот јули.

„Брзиот интернет сообраќај е дигиталниот кислород, потребен за европскиот просперитет и развој.“ вели евро-комесарката за Дигиталната агенда, Нели Крус додавајќи „Брзините се подобруваат, но треба да правиме повеќе да ги достигнеме нашите цели за многу брз интернет.“

Според Европската дигитална агенда целта е секој европјанин да има пристап до брз широкопојасен интернет од 30 Mbps или повеќе до 2020 година. И барем половина од граѓаните да имаат пристап до 100 Mbps брз интернет.

Eвропската комисија исто така изрази загриженост за безбедноста за веб сервисите кои ги складираат информациите на надворешни сервери преку интернет, или популарно наречено во „облакот“.

„Cloud computing не е само технички предизвик. Со закачување на личните податоци на дистанцирани сервери, ризикуваме да ја изгубиме контролата врз нашите податоци. Право на заштита на личните податоци е фундаментално право во ЕУ, што пара неколку акции.“, вели г-ѓа. Крус.

Најголем проблем за ЕУ се законите кои мора да се приспособат спрема „облакот“ и малите компании кои мора да ја сносат одговорноста за контрола на компаниите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии