Се открија датумите на најголемите Steam распродажби

Со крајот на месецот октомври, па сè до новата година, Steam полека ја започнува сезоната од распродажби. Како и секоја година, така и оваа, Steam предвреме ги извести издавачите за датумите од распродажбите, замолувајќи ги, притоа, да ги држат датумите во тајност. Како и секоја година, поголемиот дел од издавачите решија да ги споделат датумите со светот.

До крајот на оваа година, Steam планира три распродажби, секоја од нив е со различен број на понуди и висина на попусти.

Првата распродажба се вика Halloween и е од 28 октомври до 1 ноември. Ова се смета како најслабата распродажба од трите. Обично, ем има најмал број на игри, ем попустите не се премногу големи.

Втората распродажба се вика Autumn и е замислена правилно да ја одбележи есента со исклучително огромен број игри на попуст. Распродажбата започнува на 26 ноември и трае сè до 3 декември. Обично, игрите кои се нудат на оваа распродажба го задржуваат истиот или релативно сличниот попуст и на третата.

Последната распродажба е најголемата и, воедно, и најдобрата. Winter почнува на 19 декември и трае сè до 2 јануари. Ова е распродажбата за која ве советуваме да си ги чувате парите. Не само што има најголем број на игри на попуст, туку и може да се случи да бидете наградени со дополнителни ваучери и слични бенефиции во зависност од тоа колку ќе потрошите.

За тоа кои ќе бидат најдобрите зделки и што никако не би требало да пропуштите – останете со нас!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии