Во пресрет на Законот за медиуми, се оформи Асоцијација на македонски интернет портали

Неколку македонски портали стартуваат Асоцијација на македонски интернет портали со цел, како што велат, да ги „штитат професионалните и бизнис интересите на веб порталите, за заштита на авторските права и подобрување на бизнис условите“.

Асоцијацијата ја формираат интернет медиумите Kurir.mk, Netpress.com.mk, Maxim.mk, Press24.mk, како и телевизија Сител, магазините Вечер и Република, и агрегаторите на вести Grid.mk и Daily.mk. Според најавата „ова се највлијателните македонски сајтови“, иако според Alexa (која е единствено мерило додека ги чекаме Nielsen и Gemius), само четири од нив се меѓу првите 15 најпосетувани македонски сајтови. Од нив два члена на новата Асоцијација се агрегатори на вести што собираат содржина од сајтови кои не се членови на оваа организација. Дали и IT.com.mk е дел од Асоцијацијата бидејќи содржината ни се листа на Grid.mk? Не верувам дека ова е точно.

Асоцијацијата вели дека „граѓаните немаат доверба во новите веб портали“, што е малку иронично бидејќи добар дел од нејзините членови се медиуми основани во последните 3 години. Според регистарот на МАРНет, Курир.мк е регистриран пред три години, Maxim.mk е регистриран пред две години, Press24.mk е регистриран пред три години, Grid.mk e регистриран во 2011-та година.

Кога сме кај довербата на публиката, до овој момент, дел од медиумите-членови на оваа Асоцијација, поточно Kurir.mk и Maxim.mk, немаат свој импресум – ниту се знае кој е уредник, ниту кои се автори на објавените вести, што е против новиот Закон за медиуми кој наводно овие медиуми ќе го почитуваат. Ниту пак имаат полиса за приватност на податоците на посетителите, што е задолжителна според директиви за е-приватност на Европската Унија. Знаејќи го ова, прашањето е зошто нема во Асоцијацијата портали кои се подолго време на македонскиот ИТ простор, кои имаат импресум и ги поставуваат стандардите, и зошто всушност Асоцијацијата на портали има само три портали, останати се телевизии, весници и магазини и агрегатори на вести?

Дел од членовите на новата Асоцијација се и членови на IAB Macedonia, новооформено здружение чија цел е да го регулира интернет развојот и растот на дигиталниот пазар, или со други зборови да ги „подобри бизнис условите“.

Одговорот на прашањето „која е целта на ова здружение?“ лежи во ПР текстовите објавени на порталите кои велат дека ова здружение „се основа во пресрет на новиот Закон за медиуми и ќе се вклопи во одредбите кои се доволна гаранција за правата и обврските во овој нов медиумски сектор“. Се чини дека целта на овие медиуми – дел од нив отворено ја поддржуваат власта – е да формираат здружение кое ќе се претстави како гласноговорник на македонските портали и ќе го поддржи контроверзниот Закон за медиуми против кој се спротиставуваат куп медиуми и невладини домашни и странски медиумски организации.

Новото здружение вели дека е отворено за „пристапување на сите професионални интернет медиуми чија цел е подобрување на условите за работа во интернет просторот“.

11 коментари на “Во пресрет на Законот за медиуми, се оформи Асоцијација на македонски интернет портали

  1. Освен веста на дел од медиумите за оваа асоцијација нема ништо друго.
    Дали е регистрирана во суд во согласност со Закон за граѓански здруженија и фондации, има ли управител во Централен регистар, дали има одржано оснивачко Собрание, кои се лицата во Управниот одбор, која е адресата на кое е евентуално регистрирано? Каде е статутот достапен, има ли веб сајт? Сите овие услои се предвидени во споменатиот закон за да може формално да постои едно граѓанско здружение. Земјаќи во предвид дека освен кратка вест од дел од медиумите за оваа организација нема ништо друго достапно се создава сомнеж за целта на медиумите кои наводно членуваат во истата.

  2. Со Алекса баба ми ве лажеше и уште се лажите, ами Баба Лаже ама алгоритам нелаже.
    Од посетите на овие портали посетите се процетуално од:

    Grid.mk – DIRECT 20.84% | REFERRALS 11.15% | SEARCH 2.14% | SOCIAL 65.77% (Scam-Social Forced!)
    Netpress.com.mk – DIRECT 28.23% | REFERRALS 43.70% | SEARCH 7.39% | SOCIAL 20.68%
    Maxim.mk – DIRECT 16.86% | REFERRALS 13.91% | SEARCH 0.97% | SOCIAL 68.27% (Scam-Social Forced!)
    Vecer.mk – DIRECT 36.45% | REFERRALS 1.66% | SEARCH 60.56% | SOCIAL 1.33%
    Press24.mk – DIRECT 18.72% | REFERRALS 8.48% | SEARCH 1.05% | SOCIAL 71.59% (Scam-Social Forced!)
    republika.mk – Нема податоци, не е на ниво за да го мерат (Low traffic)
    sitel.com.mk – DIRECT 47.15% | REFERRALS 15.78% | SEARCH 12.03% | SOCIAL 24.91% (Nacionalna TV)
    Kurir.mk – DIRECT 32.74% | REFERRALS 11.05% | SEARCH 3.51% | SOCIAL 52.65% (Social Forced!)
    Daily.mk – DIRECT 36.52% | REFERRALS 28.80% | SEARCH 3.43% | SOCIAL 31.25% (Low traffic)

    Доколку се прекинат вештачки форсираните фб страни кои наскоро ќе ги бликир фб повеќето ќе немаат ни посети.

  3. Pod regulacija na noviot Zakon za mediumi ke bidat samo onie portali koi se prijavile vo Centralen Registar deka ke vrsat profesionalna dejnost: izdavanje na novosti preku internet (izdavanje na elektronska publikacija).

    Znaci, site onie portali (postoecki ili idni novi) koi nemaat namera profesionalno da se bavat so izdavanje novosti preku internet (da formiraat firma ili da se registriraat kako trgovec poedinec vo Centralen Registar) nema da bidat pod regulacija na noviot Zakon za mediumi.

    Znaci ostanuva samiot osnovac na portalot da odluci dali ke se bavi profesionalno ili ne. Spored noviot Zakon za mediumi drzavata nema ingerencii da kazuva koj portal treba da se registrira ili ne t.e toa ostanuva na samiot portal da odluci.

  4. Тагот MKFAIL што сте го поставиле на статијава одговара највеќе на ситуацијата :)
    Фејл се сите овие медиуми… Курир се пример како не треба да работи еден портал, многу пати им се случува да објават непостоечки работи.

    1. Не е официјален затоа што ги нема сите портали, односно не сите го имаат додадено кодот на Gemius за следење од проста причина што А) имаа проблем, Б) бараат да им се плати да ти измерат тебе трафик. Сега има неколку портали кои го имаат поставено кодот и меѓу нив е избран најпосетениот.

  5. Ако Веб портал или блог, се хостирани на странски сервер, и/или ако доменот не регистриран во МАРнет, односно ако единственото македонско на него е јазикот, дали потпаѓа под овој закон?

    Ако е така, баш ме интересира како ќе се спроведува сето ова :) Ако не е, тогаш едноставно е решението.

  6. Ima internet alatki bre. Merodavno si davaat. Alexa e odd. Jas prvpat kako kriterium gi nametnav na web awards 2010. Ovaa glupost uste ostana. Neverovatno kolku da nerecam nepismena zaednica. Zalno!

    Mk portali so realni poseti direktni I interes se: kajgana,motika,reklama5,pazar3,time.mk, kurir, sitel, crnobelo… I use Eden vo posledo kafe pauza.

    Ovie osvem kurir I sitel sto se na pozicija I time opozicija drugite ne gi spomenuvaat oti ne se koristat za perenje mozga no tamu se ljugeto vo mk so direktni brend poseti kako sto gogl rangira kvalitet.

    Se drugo e manipuliran social trafik. So max 17% direkten trafik. Ako gi skines forsiranjata I fintite na fb nema da imaat ni priblizno top trafik site ostanati. Ke treba da zatvorat!

    Treba da se pobedi gogl za primer za maledonski jazik vo usluga za makedonija so realen ranking. Togas ke imame Web vo MK. Sega imame samo dve.steani koi poveke zvucat politicki nego objektivno interesni.

  7. хахахаахахааааааа, незнам дали се смеам или… хехехеее…која асоцијација…у ставри, кои портали, курир сител ……ајде сеа контра асоцијација или асоцијација на асоцијацијата која асоцира.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии