Втора интернационална конференција за слободен софтвер во Приштина

Преку двата дена ќе се разговара на над 20 теми, од тема за слободната енциклопедија Wikipedia, GNU/Linux до авторски права и градење на заедници, OpenStreetMap, Sugar…

Леон Шиман ќе зборува за FLOSS во јавната администрација, Роб Сајво од Gnash проектот ќе зборува за мрежни протоколи, Мајкл Марон ќе зборува за геополитичкото користење на отворените мапи и Питар Салус, историчар на оперативен систем, ќе предава за историјата за развој на GNU/Linux.

На сајтот на конференцијата ќе бидат објавени интервјуата, предавањата и видеата… ја има и содржината од ланската конференција на која присуствуваа 500 претставници од 40 земји. Видеото подолу е од ланската конференција.

Oд Македонија ќе оди тимот на хаклабот КИКА.

1 коментар на “Втора интернационална конференција за слободен софтвер во Приштина

  1. Каков слободен софтвер, какви бакрачи, кога дивјаците кршат предаватели на мобилни оператори, само затоа што се српски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии