Се одржа првиот Vip Game Fest 2018

Минатиов викенд, на 22 и 23 декември, се одржа Vip Game Fest 2018, најголемиот гејминг настан за оваа година. Гејминг фестивалот се одржа во просториите на Vip и понуди вистинска забава за сите гејмери.

Во квалификациските натпревари се сретнаа 756 натпреварувачи во Fortnite, Hearthstone и FIFA19 како главни натпревари. Подоцна им се приклучија уште 260 натпреварувачи кои на лице место си ги измерија силите во Tekken 7, rFactor, Board games, Magic: The Gathering, редење сложувалки и местење Рубикова коцка, за на крајот да им се пруклучат и 26 косплеери кои се натпреваруваа преку креативно направени маски од херои и ликови.

Наградниот фонд за натпреварувачите изнесување 4.550 евра, а и публиката доби 400 подароци во форма на маици, привезоци, акциони фигури од игри, ранци, торби, маус пади, мауси и тастатури, power bank-ови, усб стикови и мемориски картици, книги, стрипови и ваучери.

Vip Game Fest 2018 го посетија преку 5000 посетители кои можеа да ги пробаат игрите, симулаторите и виртуелната реалност.

Сликите од настанот може да ги погледнете на Facebook страната на Vip.

1 коментар на “Се одржа првиот Vip Game Fest 2018

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии