Се оддржа Cisco NetRiders натпревар во Македонија

Победник на првиот Cisco NetRiders натпревар во Македонијa е Панче Цветковски, кој како награда доби iPod Touch од 4-та генерација и ваучер од Seavus во вредност од 200 евра. Cisco NetRiders e натпревар организиран од глобалната Cisco Networking академија и Академијата за компјутерски мрежи на Seavus Alexandria (ИТ академија која од неодамна се приклучи на Seavus едукативниот центар).

Панче, заедно со уште тројцата најуспешни на натпреварот ќе има можност да се натпреварува на глобалниот Cisco NetRiders натпревар на 23-ти септември, чија главна награда е платено еднонеделно патување во седиштето на Cisco во Калифорнија, САД. (им посакуваме успех!). Студентите се натпреваруваа во категорија IT Essentials и CCNA.

NetRiders натпреварите се организирани од гигантот Cisco, а целта им е да ги мотивираат студентите кои се веќе дел од некоја Cisco едукативна програма подобро да ги разгледаат и запознаат веб технологиите на компанијата и да ги зголемат своите познавања во областа на мрежното администрирање.

6 коментари на “Се оддржа Cisco NetRiders натпревар во Македонија

    1. Останатите тројца учесници ќе бидат познати за некој ден, праксата било Cisco да ги прати резултатите. Доколку ги добиеме имињата, ќе ја надополниме тогаш веста.

    1. Во право сте Димитар и DaciSS, добивме потврда од организаторот дека направиле пропуст со тоа "прв". Веднаш ќе направиме корекција на текстот.

      поздрав

  1. Здраво DaciSS, според организаторите, ова е прв NetRiders натпревар во МК, во секој случај ќе ја провериме информацијата.

    Инаку Сен Хосе е град во државата Калифорнија.

    поздрав

  2. …мислам дека не е ова прв NetRiders натпревар, на Cisco Expo во Aleksandar Palas, секоја година го има.

    Седиштето на Cisco поточно се наоѓа во San Jose.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии