Се испорачаа првите Steam Machines; еве што се крие во кутијата

Дејан Соколоски

во Хардвер

Првите конзоли од Valve, Steam Machines, започнаа да пристигаат кај бета тестерите, а веќе можеме да го видиме првото „unboxing“ на конзолата од фановите, вели гејминг сајтот Kotaku.

Steam Machine доаѓа во интересно пакување, заедно со сите потребни кабли за поврзување, упатствата и бета верзијата на контролерот за играње. Се очекува за време на тестирањето Valve да испрати од сите верзии на конзолата, од почетните i3-процесори, i5-4570 на 3.2 GHz, па се до i7-4770 на 3.5 GHz. Што се однесува до графичките картички ќе доаѓаат четири модели GTC 660, GTX 760, GTX 780 и GSTX Titan. Првите верзии ќе бидат со Nvidia графички карти, поради подобрата поддршка за Linux, а Valve најави дека AMD ќе дојдат на конзолата во 2014 година.

[youtube]jXCbdn00pKY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии