Се ближи крајот на телевизорите; ќе ги замениме со таблет компјутери

Гледањето на телевизиски програми на паметни телефони и таблет компјутери никогаш не било попопуларано. Анализата на Nielsen покажува дека преносните уреди се повеќе се прв избор на гледачите кои се определуваат и да ги откажат своите претплати на кабловските провајдери, јавува Business Insider. Најголем дел од гледачите сè уште претпочитаат телевизијата да ја гледаат на своите телевизори, но бројот на корисници кои гледаат ТВ на приемниците во 2013 година е опаднат за 6 отсто. За разлика од ова бројот на корисници кои ја следат програмата преку таблет компјутер или паметен телефон е пораснат за 6 проценти и е 20 отсто.

Еден од најголемите провајдери на телекомуникациски услуги во САД, Time Warner Cable во третиот квартал загуби околу 300.000 корисници, а дури 1,3 милиони од 5,5 милиони корисници на услугите на Charter Communications не сакааат телевизија, туку само широкопојасен интернет. Показател за падот на гледаноста на телевизијата во САД се најголемите спортски настани на континентот, World Series на MLB и финалето на NBA лигата. Двата настани ги следат најмал број гледачи во историјата. Како последица бројот на претплатници кај големите провајдери за првпат во последните пет години е под 40 милиони, а над 5 милиони корисници престанале да бидат претплатници.

Интересно секој уредите способен за видео пренос го има својот најголем број на гледачи во различен период од денот, така таблет комјутерите се најпопуларни во текот на вечерта, а во претпладневните часови најпопуларни се десктоп и преносните компјутери. Иако се очекува дел од парите од рекламите да се префрли на мобилните пазари, се чини дека не можноста за собирање на голема публика на било кој уред, кој би гледал иста содржина ќе продолжи да влива голем дел од парите за ракламирање во телевизиите.

1 коментар на “Се ближи крајот на телевизорите; ќе ги замениме со таблет компјутери

  1. Малку е дезинформативен насловот. Гледањето на телевизијата од аспект на телевизиски канали е опаднат (што е нормално, не секој сака да му го перат мозокот), а не општо гледање на телевизорот, како на пример стримање, Нетфликс итн.
    Со појавата на "паметните" телевизори и уреди кои го прават вашиот телевизор паметен луѓето ги откажуваат кабловските оператори за сметка на стриминг сервисите како Некфликс, Хулу… Што е и нормално, кај нас на пример понудата на телевизиски канали е тапа, во главно турско-индиски серии за оглупување на народот и перење мозок, 95+% од каналите се чист џган, само некои мал број на спортски и уште помал број на научни канали вредат. Јас лично да не сум обврзан да имам плус кабловска со интернетот одамна би ја исклучил кабловската. Но тоа не значи дека не го гледам телевизорот.
    10 инчно таблетче никогаш нема да може да замени 42 инчен телевизор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии