Сатја Надела сега е и претседател на одборот на директори на Microsoft

Дејан Соколоски

во Вести

Одборот на директори на Microsoft едногласно го избра Сатја Надела за нов претседател на компанијата. Тој досега беше директор на компанијата, а сега е на чело и на бордот на директори. Г. Надела ја презема функцијата претседател од Џон Томсон од Symantec кој беше претседател на Microsoft и останува независен претставник во бордот.

Сатја Надела дојде на местото директор на Microsoft по повлекувањето на Стивен Балмер од чело на компанијата 2014 година. Во исто време од позицијата претседател на бордот се повлече основачот на Microsoft Бил Гејтс, и беше заменет со независен претседател, г. Томсон.

Ова е првпат по 2000-та година директор и претседател на Microsoft да биде иста личност, откако Бил Гејтс се повлече од директорско место.

Поддршката која ја доби г. Надела е признание за неговата работа. Под негово водство Microsoft се врати на листата највредни компании, а акциите на компанијата откако е директор на Microsoft се пораснати 600%. Компанијата одлично се снајде и во пандемијата. Заработката на Microsoft во 2020 порасна 14 отсто.

1 коментар на “Сатја Надела сега е и претседател на одборот на директори на Microsoft

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии