Сатја Надела е новиот директор на Microsoft; побара фокус и побрза трансформација

Microsoft и официјално го претстави Сатја Надела како наследник на Стив Балмер. Покрај позицијата на извршен директор, Сатја Надела доби место и во Бордот на директори на Microsoft. Бил Гејтс се повлече од бордот на директори во компанијата и ќе има има нова функција на технолошки советник, на негово место доаѓа Џон Томсон.

„Microsoft е една од ретките компании кои навистина го револуционизираа светот преку технологијата, не можам да замислам поголема чест од тоа што сум избран да ја водам компанијата. Можностите пред Microsoft се огромни, но да ги искористиме мора јасно да се фокусираме, да бидеме побрзи и да продолжиме со трансформацијата. Голем дел од мојата работа е да го забрзам носењето на нови иновативни продукти до нашите корисници“ , рече г. Надела по повод неговото поставување за директор.

Сатја Надела 22 од своите 46 години ги помина во Microsoft на различни функции во компанијата, а на местото извршен директор доаѓа од позицијата на заменик-претседател на Microsoft Cloud and Enterprise одделот. Токму ова има голем придонес во неговиот избор за директорт. Cloud-бизнисот на Microsoft под водство на г. Надела во 2013 година забележа раст од 107 отсто и се наоѓаат на првото или второто место во светот во оваа категорија. Најголем дел од неговото искуство е соработката со коорпорациите кои се извор на две-третини од приходите на компанијата. Се чини дека по пет месечното барање Microsoft конечно го пронајде вистинскиот човек за оваа позиција и тоа токму во своите редови. За разлика од својот претходник г. Надела го има потребното ниво на техничка експертиза, но е и далеку посмирен и повнимателен во соработката со „мозоците“ во Microsoft, но и со луѓето кои работат под него. Ова ќе биде од клучно значење додека бара начин за реконструкција на компанијата, пишува Wired.

„Во време на трансформација не постои подобар кандидат да го води Microsoft од Сатја Надела. Сатја е докажан лидер со хард-кор инженерски способности, визија за бизнис и моќ да ги зближи луѓето. Неговата визија за како технологијата ќе се користи насекаде во светот е идентична со тоа што на Microsoft му е потребно, како компанија која влегува во следното поглавје на проширена иновација на продуктите и развој“, вели Бил Гејтс.

Интересно најголем дел од аналитичарите се согласни дека и покрај симнувањето на г. Гејтс од позицијата на прв човек во бордот, Microsoft со изборот на г. Надела ќе стане повеќе „гејтовски“ отколку досега. Токму г. Надела е човекот кој најмногу наликува на основачот, иствремено технички и бизнис гениј, велат неговите соработници. Иако навидум изгледа дека г. Надела доаѓа во тежок период за Microsoft, пред се поради тешкиот период со таблет компјутерите и паметните телфони, но и проблемите кои ги имаат со оперативниот систем Windows 8; сепак компанијата забележа рекордни приходи во изминатата година, додека дел од нивните конкуренти, на пример Apple, годинава не поминаа добро на пазарот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии