Sang-Froid: Tales of Werewolves е бесплатна за сите

Стратешко-акционата RPG игра од 2013-та година, Sang-Froid: Tales of Werewolves e бесплатна на Steam. Ова е една од пооригиналните игри што сме имале задоволство да ги заиграме и знае како да ве импресионира со извртените tower-defense елементи и канадскиот шарм.

Напишана од канадскиот автор Брајан Перо, Sang-Froid: Tales of Werewolves ве потопува во епска приказна каде двајца браќа треба да ги здружат силите доколку сакаат да ја спасат нивната сестра од самиот ѓавол. Уникатниот гејмплеј на играта ви дозволува да осмислите стратегија преку ден и да ја пополните шумата со најразлични замки, а во моментот кога ноќта ќе стапи на сила, ќе биде потребно да се соочите со бројните пеколни суштества. За да доживеете уште едно утро не мора да се потпирате само на замките туку и на вашата пушка и секира, како и на длабока надградба на вештините. Играта е често споредувана со надалеку популарната Orcs Must Die, но доколку сакате малку поразлична имерзивност и гејмплеј, пружете ѝ шанса и на Sang-Froid.

Sang-Froid: Tales of Werewolves моментно има 87% позитивни рецензии на Steam.

Во случај да ви се допадне играта, авторите Artifice Studio ja имаат на понуда и Conflicks – Revolutionary Space Battles – интересна, и во најмала рака, невообичаена стратегија која ви покажува што се случува кога ќе се судрат вселенски бродови, ласери и кокошки.

Сосема неповрзано, во случај да барате понова, а исто така бесплатна игра, проверете ги потенцијалите на Heavy Metal Machines. Со 70% позитивни рецензии, играта е мултиплеерско блаженство од експлозии, оружја и бројни можности за уредување на вашите убиствени возила.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии