SanDisk претстави 4TB SSD; најави и дискови од 6 и 8 терабајти

SanDisk го најави првиот 4TB SSD базиран на 19-нанометарска процесна технологија. Компанијата ја истакна својата заложба дека следната година ќе издаде 6 и 8TB SSD. Optimus MAX SAS SSD од 4TB ќе биде со најголем капацитет кога се во прашање дисковите од 2,5 инчи. Дискот е наменет за сервисите кои имаат потреба од интезивно читање на податоците како: складирање, стрим на видео содржини или веб сервери. Optimus MAX е предвиден да работи со дури 90 отсто читање и 10 отсто запишување, а доаѓа со 6Gbps интерфејс. При читање на големи фајлови (Sequential Read/Write) дискот достигнува брзина до 400/400 MB/s, при random read/write брзината е 75/15 К IOPS. Што се однесува до доверливоста производителот гарантира најмногу една грешка на секој 1017 прочитани бити.

„Работа со бази на податоци бара брзо и точно запишување на дисковите, како и лесен пристап до зачуваните податоци. Optimus MAX 4TB SAS SSD подржува работа со бази на податоци дури и виртуелизирани комјутерски средини. Ова е важно бидејќи голем број на ИТ организации ги консолидираат базите на податоци на помал број физички сервери, што резултира во пефикасна инфраструктура која ги хостира бизнис податоците на помал простор кои побарува помалку енергија и ладење. Со хостирање на повеќе виртуелни машини на физичките сервери, корисниците ја намалуваат цената на вкупниот трошок и го згоелемуваат враќањето на инвестицијата за новите сервери кои доаѓаат со SSD во споредба со HDD“.

Освен 4TB диск SanDisk ја најави и надградбата на Lightning Gen II SSD. Дисковите ќе доаѓаат со 12 Gbps SAS интерфејс со што ќе бидат најбрзите флеш дискови досега. Lightning Ultra Gen. II дисковите доаѓат во големина од 200 до 800 GB, a Lightning Ascend се со големина од 200GB до 1.6 TB, јавува Computer World. Според најавите првите 4TB Optimus MAX SAS SSD ќе се појават веќе во третото тримесечие на 2014.

[youtube]lPrdk0sY1x[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии