Samsung започна патент војнa со Ericsson, бара забрана на продажба во САД

Откако се испокара и смири со Apple околу патенти на телефони, сега Samsung бара да биде забранет увозот и продажбата на некои уреди од Ericsson во САД, јавува BBC. Станува збор за седум патенти за кој Јужнокорејците твдрат дека им се прекршени авторските права, поради што се одлучиле за оваква мерка.

Ова следи откако Samsung одби да плаќа авторски права за патентите на Ericsson, бидејќи биле прескапи. По ова Швеѓаните одговорија дека Samsung сака да ја обезвредни вредноста на патентите и сега бара од судот да го донесе барањето на Ericsson за судска разврска за отштета за патентите.

Ericsson е еден од првите и најголеми иноватори на полето на телекомуникациите. Во 2011 Ericsson заработи речиси милијарда (938 милиони) долари од авторските права кои ги поседува компанијата. До пред две години Samsung ги плаќаше обврските кон Ericsson, но последниве две години компаниите преговараат околу новата цена за користење на патенти.

Се поизвесно е дека наскоро наместо изнаоѓање на конструктивен начин за надминување на недоразбирањата е можно да видиме состојба „сите против сите“, каде секоја компанија ќе се тужи против секоја.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии