Samsung тврди дека The Next Big Think кампањата го „излудела“ Аpple

Серијата реклами за Samsung Galaxy S4 – Next Big Thing, во кои се исмева iPhone и неговите фанови кои чекаат со часови за новите верзии на телефонот, „го полуде“ шефот на маркетинг на Apple, Фил Шилер, тврди Samsung. Јужнокорејскиот гигант кој повторно се тужи со Apple ќе се обиде да го докаже ова и во калифорнискиот суд.

„Ќе ви покажеме документи од Apple за интерна употреба кои досега не се објавени, а покажуваат дека Apple се навистина загрижени од конкуренцијата од Android, пред се Samsung. Оваа нова маркетинг стратегија ги полуде во Apple“, Verge ja пренесува изјавата на адвокатот на Samsung, Џон Квин.

Г. Квин тврди дека г. Шилер бил толку обземен од ова што му испратил сугестии на директорот на Apple, Тим Кук, за промена на маркетинг агенцијата која ја користи Apple. Фил Шилер е првиот сведок на Apple кој ќе се појави во судницата.

[youtube]s80fkvV5534[/youtube]

[youtube]dLtysG4O0ak[/youtube]

[youtube]QR8A3T6sPzU[/youtube]