Samsung со нови интегрирани кола за менаџмент на енергија кај безжични слушалки

Со модели како Gear IconX, Galaxy Buds, и новите Galaxy Buds+, Samsung се прилично популарни кај корисниците на безжични слушалки. Она што е новитет кај Galaxy Buds+, е употребата на новите интегрирани кола за управување со електрична енергија, MUA01 и MUB01.

Истите се направени за слушалките (MUB01), како и за кутијата која се користи за полнење (MUA01). Оптимизирани се за true wireless (TWS) слушалки, и како такви, комбинираат неколку од технологиите со кои Samsung располага во моментов. Достигнување е што Samsung со овие интегрирани кола имаат до десет компоненти на едно коло.

blue circuit board

Со ова, колата физички зафаќаат многу помалку простор, поточно помалку од половина од претходните кола. Ова остава повеќе место, кое може да се искористи за поголеми батерии и поинакви дизајни. Не само што се го зголемува траењето на батеријата, туку и колата можат меѓусебно да комуницираат и да споделуваат информации за тоа уште колку батерија е преостаната, и дали слушалките се ставени во кутијата или не. Ова е овозможено со поддршката за power line communication (PLC), а се случува преку пиновите за полнење.

Главната цел на овие чипови, покрај подобрената батерија, е флексибилноста која производителите на TWS слушалки ќе ја имаат со тоа што има повеќе простор. Но, физички намалената големина не е единственото ново нешто.

Покрај ова, MUA01 колото е прво кое поддржува безжично полнење, и полнење со кабел, во еден чип. Безжичното полнење е направено по најновиот стандард на Wireless Power Consortium, Qi 1.2.4. Исто така, колото доаѓа со микроконтролер и вграден eFlash кој овозможува модификации на фирмверот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии