Samsung со ChatON влегува на пазарот за инстант пораки

Blackberry го има Blackberry Messenger, Apple наскоро ќе го има iMessage, а Samsung оваа недела на IFA конференцијата во Берлин ќе го претстави својот сервис за инстант пораки, ChatON. Од октомври сите Samsung паметни телефони, вклучувајќи ги и обичните, не-паметни уреди, ќе бидат опремени со сервисот за инстант пораки. ChatON ќе биде достапен во повеќе од 120 држави и на 62 јазика.

ChatON ќе биде достапен за Android и за оперативниот систем на Samsung, Bada OS. Ќе биде достапен и за други мобилни платформи, вклучувајќи ги оперативните системи на Apple и Blackberry. Samsung исто така ќе лансира и веб клиент кој ќе им овозможи на корисниците да комуницираат преку PC. ChatON ќе овозможува комуникација еден на еден, групен чет, групно праќање пораки, како и споделување на слики, видеа, говорни пораки, и контакти.

Според корејската компанија, сервисот ќе биде достапен во две верзии, основна за обичните телефони, и посложена варијанта која ќе им овозможи на сопствениците на паметни телефони да коментираат на други профили, да испраќаат анимирани пораки, и да проверуваат колку често нивните пријатели го користат ChatON.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии