Samsung се брани од Apple: iPad е креација на Стенли Кјубрик

Samsung е во жестока судска битка со Apple за пазарите во Австралија, Европа и сега Америка.  Најновата вест поврзана со судските битки помеѓу Apple и Samsung е забраната одредена од холандскиот суд, според која три модели од паметните телефони Galaxy не смеат да се продаваат во Европските земји. Причина за оваа забрана е тужбата на Apple според коjа Samsung има копирано технологија која е во сопственост на Apple.

Покрај паметните телефони, Apple го тужи Samsung и дека им го копира дизајнот и изгледот на таблет компјутерите. Samsung најави контра-тужба велејќи дека „ќе се обидe да си ја заштити својата интелектуална сопственост“. Судската битка помеѓу Samsung и Apple штотуку стана интересна, откако јужно корејската компанија излезе со одбрана дека Apple го има украдено дизајнот за iPad од култниот филм на Стенли Кјубрик, 2001: A Space Odyssey.

Интересната работа со ова излагање е тоа што специјализираниот адвокат за патенти, Марк Самерфилд, вели дека Samsung има валидна одбрана. Во законите за патенти стои дека доколку некои информации биле претходно јавно достапни во било каква уметничка форма, тогаш не може да се патентира изум кој е инспириран од овие информации. Во законите за патенти ова се вика „prior art“ (анг. претходна уметност). Дел од доказите што ги претстави одбраната на Samsung е YouTube видео (подолу), извадок од филмот 2001: A Space Odyssey, каде јасно се гледаат два уреда кои личат исто како и iPad уредот на Apple. Таблет компјутерите претставени во филмот имаат правоаголна форма, доминантен екран, тесни краеви, рамна површина, и се тенки, опис кој може да се искористи и за iPad уредите.

Сепак, според Apple, покрај тоа што јужно корејската фирма им го копира дизајнот и изгледот на паметните телефони и таблет компјутери, Samsung исто така прекршува и 10 патенти врзани за паметните телефони и таблет компјутери, патенти кои се за преносливост на податоци и безжична технологија. Apple бара од судовите да ја забранат продажбата на таблет компјутерот Galaxy Tab10.1. Германскиот суд за патенти најпрво пресуди во корист на Apple и одобри прелиминарна наредба до европските царинарници да ги блокираат испораките на Samsung Galaxy Tab 10.1 во сите европски земји, освен во Холандија, за потоа да ја тргне оваа забрана до 25 август кога е закажано сослушувањето по поплаката на Samsung. Продажбата на Galaxy Tab 10.1 исто така беше блокирана и во Австралија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии