Samsung продаде 10 милиони примероци од Galaxy Note

Samsung Electornics продаде 10 милиони примероци од Galaxy Note во претходните 9 месеци, изјави Younghee Lee на претставувaње на Galaxy Note 10.1 во Њу Јорк.

Покрај големиот скептицизам кој го имаа, бидејќи уредот е преголем за еден мобилен телефон, а премал да работи како таблет компјутер, Galaxy Note се продаде во одлична бројка. Според Samsung, уредот со својата големи влезе во нова категорија, некои дури го нарекоа „phalbet”. Note успеа да се издигне во двете индустрии, но најверојатно и тука некаде ќе остане, со оглед на тоа дека на пазарот пристигна новиот 10.1 инчен модел на Galaxy Note 10.1.

Новата верзија е комбинација од Galaxy S3 и Galaxy Note со S-Pen Stylus за полесно користење. Цената во САД ќе биде 499 долари за моделот од 16 GB, додека 32 GB моделот ќе чини 549 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии