Самсунг претстави Real 8К резолуција и 8К AI зголемување на резолуцијата за QLED 8K

Самсунг денес во рамки на прес-конференцијата која ја одржа на ИФА 2018 во Берлин го претстави новиот Q900R QLED 8K телевизор со 8K AI зголемување на резолуцијата. Достапен во четири ултра-големи различни димензии на екранот (65”, 75”, 82” и 85”), Самсунг QLED 8K телевизорот ќе има неколку 8К подобрувања, вклучувајќи QLR8K, Real 8К резолуција и 8К Quantum процесор, сите создадени за да ja доведат 8К сликата во живот. Новиот Самсунг QLED 8K ТВ екран ќе биде достапен во продавниците од крајот на септември оваа година.

За да се постигне слика со 8K квалитет, Самсунг Q900R нуди реална 8К резолуција со 4000 нити највисоко ниво на осветленост. Оваа функција овозможува телевизорот да произведе четири пати повеќе пиксели од обичен 4К UHD телевизор, и 16 пати повеќе пиксели од FHD телевизор. Q HDR 8K моделот надополнет со HDR 10 + технологијата, ги оптимизира нивоата на осветленост на телевизорот и произведува беспрекорни бои и слики. Оваа технологија е вградена со цел сликата да биде доловена онака како што би изгледала во живо. Патентираната 8К AI технологија на Самсунг е базирана на вештачка интелегенција и е исто така опремена со квалитетна слика и звук кои се компатибилни со 8К без оглед на нивниот оригинален формат и квалитет. Без разлика дали корисникот гледа содржина преку стриминг услугата, set top box, HDMI или USB приклучок, 8K Quantum процесорот секогаш ќе ја препознае и зголеми резолуцијата и истата ќе се прикаже во 8K квалитет. Дополнително, Q900R моделот вклучува Direct Full Array Elite функција за подобрен контраст и прецизна контрола на позадинската светлина, како и 100% Волумен на Бојата (Color Volume).

Q900R моделот нуди широк спектар на нови функции кои овозможуваат поинакво коистење на ТВ екраните и највисок квалитет на сликата и тонот. На пример, телевизорот препознава и анализира голем број уреди за забава, како што се аудио уредите поврзани преку оптички кабел со One Remote, притоа одбирајќи  најсоодветен извор на ТВ слика и аудио аутпут за оптимизирано искуство при гледањето на содржини. Амбиенталниот режим е исто така подобрен за беспрекорно вклопување на ТВ екранот во средината преку прикажување прекрасни слики, временска прогноза, вести и најразлични информации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии