Samsung претстави две верзии на Note 10

Дејан Соколоски

во feature, Мобилни

Image courtesy of Samsung

Samsung ja претстави најновата верзија на својот „флагшип“ телефонот Samsung Note 10. За првпат уредот доаѓа во две варијанти Note 10 и Note 10 Plus. Ова и не е првпат Samsung да претстави различни уреди, претходно понуди стандардна и „Edge“ верзија, но за сега двете верзии на телефонот имаат различни големини.

Што се однесува до хардверот и новиот Samsung Note 10 ќе „засрами“ дел од лаптоп компјутерите. Уредите доаѓаат со 8GB RAM и 256 GB простор во случајот на Note 10, а Note 10 Plus доаѓа со 12 GB RAM и 256 GB proctor. Уредите чинат 950 и 1100 долари, а за 100 долари повеќе се достапни и верзии со 512 GB слободен простор. Note 10 Plus доаѓа со 6,8-инчен дисплеј со резолуција 3040 х  1440 и 4 300 mAh батерија. Помалата Note 10 верзија има 6,3-инчен екран со резолуција 2280 х 1080 пиксели, и 3 500 mAh батерија. Друга разлика е што Plus има камера за длабочина и слoт за microSD картичка кој недостасува на помалата верзија, па просторот на телефонот мора да ви биде доволен.

Сепак најголем дел од хардверот е ист за двата уреди. Доаѓаат со Snapdragon 855 процесор, Dynamic AMOLED екран; камера со широк објектив: 16 мегапиксели, f/2.2; главна камера: 12 мегапиксели, f/1.5 и f/2,4, dual-aperture, OIS; телефото камера: 12 мегапиксели, f/2.1, 45-степени; предна (селфи) камера: 10 мегапиксели, f/2.2. Трите главни камери се на задниот дел на телефонот во заеднички оддел. Скенерот за отпечатоци и на двата телефони е „скриен“ под екранот на телефонот.

Од работите кои недостасуваат (покрај microSD картичката на Note 10) двата уреди доаѓаат без стандардниот приклучок за слушалки, но и без USB-C audio адаптер.

Samsung вообичаено воопшто не штеди на овој модел, а сега ова е и поразбирливо со оглед на тоа дека кога хардверот е во прашање речиси сите ексклузивни модели од највисока класа доаѓаат со безмалку идентичен хардвер.

Сепак Note отсекогаш бил телефон за „продуктивност“. Затоа е тука електронското пенкало кое треба да помогне за поедноставување на дел од работите, а затоа е тука и DeX. Пенкалото сега има уште неколку сензори кои додаваат на функционалностите кои и досега ги имаше пенкалцето, кое освен за цртање и пишување беше своевиден „далечински управувач“ за телефонот (главно камерата). S-Pen сега има и жироскоп и акцелерометар кои веројатно ќе добијат поинтересна функционалност во иднина. DeX овозможува работа на телефон како со лаптоп иако ова некако не ја постигна целта која компанијата ја замислуваше на почеток. Новата функционалност на DeX ќе овозможи телефонот да се поврзе со Windows и Mac компјутери и да го сподели екранот и апликациите со овие уреди.

Специјален гостин на презентацијата оваа година беше Сатја Надела од Microsoft кој зборуваше за подлабоката соработка на Samsung и Microsoft. Најави подлабока интеграција на најпопуларните апликации од Microsoft, Outlook, OneDrive со Galaxy Note 10 телефоните. На новиот телефон има и подобра поддршка за „Your Phone“ од Microsoft. Дополнително, Microsoft ќе го продава Note 10 во своите физички продавници.

Samsung Note отсекогаш бил најдобриот телефон на компанијата и до пред неколку генерации најдобриот Android телефон. Сепак високата цена, а и се подобрите телефони на конкурентите повеќе од порано го поставува прашањето „Колку пари сакате да потрошите за телефон?“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии