Samsung претстави „биолошки“ процесор кој мери пулс и ниво на стрес

Samsung има нов процесор кој е далку подобар од обичните фитнес монитори. „Биолошкиот“ процесор може да мери индекс на телесна тежина, мускулна маса, пулс, температура и ниво на стрес. Идејата за зголемување на можностите на мониторите е одлична, но повеќе ќе зависи од имплементацијата отколку од вообичаените желби на Samsung да додава купишта сензори на своите продукти. Новиот чип ќе доаѓа со едноставно име Samsung Bio-Processor и веќе е во производство. Првите чипови ќе излезат од фабриките во првата половина на 2016 година. Најверојатно истовремено ќе можеме да ги видиме и првите уреди, а можни прототип решенија можеби ќе видиме веќе следната недела на CES 2016.

Со новиот процесор Samsung ќе биде чекор пред конкурентите, барем кога се во прашање паметните часовници и алките за вежбање. Apple и на овој пазар останува еден од најголемите конкуренти на Samsung. Американскот гигант ги најави овие сензори за Apple Watch, но сепак не ги имплементираа во ниту една верзија до сега.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии