Samsung пред казна за лажно рекламирање

Веројатно веќе сте ги виделе сликите на телефони што се „бањаат“. Samsung има куп вакви реклами, во кои ги рекламира своите уреди како водоотпорни. Сепак во Австралија регулаторот започна тужба против компанијата поради лажно рекламирање на уредите.

Австралиската агенција за заштита на конкуренцијата и потрошувачите го обвини Samsung за лажно рекламирање. Главна причина за ова се рекламите во кои Samsung го прикажува телефонот додека корисникот плива и сурфа. Дека не станува збор за мал спор покажува и тоа што агенцијата за овој спор прегледала 300 различни реклами на Samsung.

Што е спорно?

Проблемот е што уредите кои Samsung ги рекламира доаѓаат со заштита IP68, но оваа заштита не обезбедува заштита од морска вода и хлорирана вода во базен. Ова значи дека сите кои би ги користеле телефоните во овие случаи ризикуваат да го расипат уредот, а тоа веројатно и ќе биде во спротивност на гаранцијата. Дури и компанијата на својата веб-страница ги советува корисниците да не го користат телефонот на базен и на плажа, пренесе BBC.

„За да привлече корисници Samsung прикажува користење на телефоните на места на кои не треба да се користат“, велат од агенцијата.

На сајтот на Samsung компанијата објаснува:

„Уредите што доаѓаат IP68 стандард можат да издржат одредено ново на прашина, нечистотија или песок и се отпорни на потопување до 1,5 метри во слатка вода, во период од најмногу 30 минути“.

Ако биде прогласен за виновен Samsung ќе треба да плати милионска казна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии