Samsung не се откажува од преносните уреди, нова серија на Gear

Image courtesy of Samsung

Најголемиот производител на електрочни опрема Samsung Electrons, ја претстави новата серија на преносни уреди. Часовници, алки и слушалки се дел и од оваа серија на уреди. GearSport е новиот часовник, GearFit2 Pro новата алка, a Gear Icon X се бежични слушалки.

Пазарот на преносни уреди, часовници, алки и слично на почетокот ветуваше многу. Сепак неколку години поминаа, а телефоните сè уште се паметните уреди кои најчесто ги користиме. Можеби затоа сите производители на овие уреди сега гледаат како на додаток. Најчесто преносните компјутери се фитенс додатоци, а тоа е случај и овој пат.

Уредите ќе го следат корисникот додека вежба, ќе следат што јаде и како спие. Уредите на Samsung овој пат не само што се наменети за корисниците кои сакааат да бидат физички активни, туку компанијата ќе се обиде да ги привлече и врвните спортисти.

“Во Samsung ги славиме луѓето кои секојдневно се занимаваат со спорт. Без оглед на тоа дали џогираат или тренираат за следниот триатлон. Имаме долга традицијата на прифаќање и славење на изборот и иновациите. Нашите преносни компјутери се дизајнирани да им помогнат на потрошувачите со различно ниво на кондиција да ги остварат своите цели и стремежи. Сакаме да помогнеме при отстранувањето на стигмата дека да се биде во добра кондиција означува само една работа, и дека уредите за следење на фитнес активностите се комплицирани и се само за најинтензивните вежби и тренинзи. Нашите нови Gear преносни уреди им помагаат на корисниците да ги надминат границите на физичката кондиција и да уживаат во активниот, балансиран и исполнет живот на паметен начин без пречки“, вели ДЈ Кох, од Samsung.

GearSport и GearGit 2 Pro

GearSport доаѓа со 1.2-инчен кружен дисплеј со резолуција 360х360 и 302 ppi. Екранот е заштитен со Gorilla Glass 3. Процесорот е двојадрен на 1.0 GH; доаѓа со 4 GB простор и 768 MB RAM. Батеријата е со капацитет од 300 mAh, а се полни бежично. Од сензорите часовникот доаѓа со: aкцелеметар, жиро, барометар, HRM, и сензор амбиентална светлина. Поврзување може да се направи преку: Bluetooth® v4.2, Wi-Fi, NFC, GPS/GLONASS/Beidou. Интересно, иако доаѓа со Tizen оперативен систем часовникот ќе поддржува и Android и iOS телефони.

Gear Fit2 Pro доаѓа со слични спецификации, со таа разлика што има помалку сензори и правоаголен дисплеј. Алката доаѓа со 1.5-инчен AMOLED екран со 216 х 432 и 310 ppi. Слободниот простор е ист 4GB, но има помалку RAM, 512 MB. Алката нема NFC сензор, па нема да може да се користи за Samsung Pay.

Samsung ја подобри водотпорноста на GearSport часовникот и GearFit2 Pro алката. Ова овозможува истите да се користат и на базен за следење на пливачките тренинзи.

Со оглед на тоа дека станува збор за фитнес уреди, не е изненадување што е овозможено следење на работата на срцете во реално време.

Двата уреди можат самостојно да детектираат физичка активност, но и да препознаат дали станува збор за одење, трчање, велосипедизам, танц или некој друг спорт.

За разлика од алката која е исклучиво фитнес додаток, Samsung се обиде на часовникот да му додаде и дополнителни функционалности. Така со часовникот ќе може да се користи и Samsung Pay. Дополнително, и помалку импресивно, часовникот може да се користи и како далечински управувач за сите IoT уреди од Samsung.

Gear IconX

Gear IconX се бежични слушалки кои корисниците можат да ги користат за слушање музика преку телефонот. Песните можат да се преземаат од Интернет или кога корисникот е офлајн, преку Bluetooth директно од телефонот. Дополнително, уредот може да се користи за поврзување со гласовниот асистент Bixby.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии