Samsung најавува повлекување на Galaxy Note 7?

Најголемиот производител на паметни телефони Samsung, како што вчера објавивме најави дека новите пратки на Note 7 ќе доцнат, а денес вестите се веќе полоши. Постои можност Samsung да ги повлече сите Galaxy Note 7 уреди, јавува Verge.

Компанијата го одложи лансирањето на телефонот во Велика Британија, а се бара начин да се повлечат и телефоните кои ги продаде Verizon, тврди корејската новинска агенција Yonhap. Samsung Galaxy Note 7 е на продажба од 19. август во 10 држави, а првите критики на уредот беа преполни со пофалби.

„Најважна ни е безбедноста на корисниците и не сакаме да ги разочараме.“, вели анонимен извор од Samsung.

Проблемот со батеријата е присутен на 0.1 отсто од телефоните, а може да се надмине со менување на батеријата. Сепак убедувањето на корисниците да ги заменат телефоните, можеби ќе биде потешко отколку што изгледа.

Повлекувањето најрано може да се очекува следната недела. Најверојатно откако компаниите и операторите ќе пронајдат начин со кој ќе можат да ги повлечат уредите. Веста за запаливите батерии засега нема официјална потврда од Samsung. Компанијата ветува дека нема да одолговлекува, ниту да ги крие резултатите од истрагата.

1 коментар на “Samsung најавува повлекување на Galaxy Note 7?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии