Samsung на цела страница и на колена се извини за проблемите со Note 7

Samsung закупи цела страница во печатен медиум во САД за да им се извини на корисниците за проблемите со Note 7 телефонот. Компанијата поради проблеми со батеријата мораше да го повлече уредот иако беше најавуван како најдобриот Android фаблет.

„Ќе го преразгледаме секој аспект на уредот, целиот хардвер, софтвер, производството и структурата на батеријата. Ќе го направиме ова најбрзо што можеме, но ќе биде потребно време за да ги дознаеме вистинските причини за проблемите.“

Чекор понатаму отидоа дел од директорите на компанијата кои клекнаа пред кинските дилери и побараа прочка. За жал, иако ова признавање на грешката на некој може да му изгледа и симпатично, најголем дел од присутните сметаат дека сепак станува збор за претерување и преголема ароганција од директорите.

foreign201610311339000458272266585

За волја на вистината однесувањето на компанијата овојпат беше беспрекорно. По првите вести за експлозиите на телефоните, Samsung најави дека ќе ги промени уредите. Речиси штом дознаа дека има проблем и со новите уреди во целост го повлекоа телефонот.

Пострашно компанијата сега има проблем со повеќе уреди кои експлодираат. Samsung во моментов најверојатно е најзагрижена за машините за перење, но има вести и за експлозии на Samsung Galaxy J.

Во меѓувреме Wall Street Journal јавува дека канцелариите на Samsung во Кореја се претресени од полицијата поради сомневање за корупција. Компанијата се сомничи дека префрлила 3.1 милиони долари на компанијата на ќерката на Чои Сун-сил, кој е близок пријател на премиерката на Јужна Кореа.

1 коментар на “Samsung на цела страница и на колена се извини за проблемите со Note 7

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии