Samsung му должи 1 милијарда долари на Apple поради копирање на iPhone

По една година расправање, американскиот суд пресуди во полза на Apple, велејќи дека Samsung со Galaxy S уредот го копирал дизајнот и интерфејсот на iPhone 4 и затоа, поради прекршување на патенти, ќе треба да плати 1,049 милијарди долари. Казната е огромна, но за среќа многу помала од 2,5-те милијарди кои Apple ги бараше заедно со забрана на продажбата на уредите кои ги прекршуваат патентите. Меѓу тие уреди не се најновите Galaxy телефони и таблет компјутери.

Судијата пресуди дека трите софверски патенти на интефејсот на iOS биле злоупотребени од Samsung за неколку уреди. Дополнително, Samsung со неколку уреди ги злоупотребил патентите за дизајн на изгледот на iPhone и патентот за зумирање во текст со два брзи допири на прстите. Судот ги отфрли сите барања за надоместок и поплаки од Samsung дека Apple прекршил нивни патенти.

Samsung веднаш откако беше донесена казната излезе со изјава во која најави дека ќе се спротистави на одлуката и ќе поднесе поплака.

„Денешнава одлука не треба да се гледа како победа на Apple, туку пораз на американските корисници. Ова ќе резултира во помалку избор, помалку иновација и потенцијално поголеми цени.“, вели јужнокорејската компанија.

Што вели Google за одлуката?

Samsung во изминативе две години стана лидер на пазарот на паметните телефони, но во тоа беше помогнат од Android, мобилната платформа на Google, според кого оваа одлука не е конечна се додека не помине пред апелациониот суд.

„Мобилната индустрија се движи брзо и сите играчи – и тие новите – се изградуваат врз идеи кои постоеја со декади. Работиме со нашите партнери да им дадеме на корисниците иновативен начин и продукти со добри цени, и не сакаме да ограничиме никого“.

12 коментари на “Samsung му должи 1 милијарда долари на Apple поради копирање на iPhone

  1. Во ред. Купи си Samsung Galaxy S III и радувај се што го поседуваш најдобриот телефон на светот.

    Уште нешто, отиди негде низ Европа (франција, германија итн) и види колку Samsung, Nokia, HTC телефони ќе видиш, а колку iPhone-и.

    Како што напоменав никој неможе да победи во дебатава, така да… Praise the mighty lord Samsung and enjoy your lives.

  2. ахахахаххаа ијфон го измисли првиот смартфон хахахаха заради него имало сеа смартфони хахахаххаа ме изнасмеавте… дечки прочитајте малце па коментирајте епл во 1993 не ни знаеа што е телефон а истата година IBM го претстави првиот СМАРФОН на допир односно IBM Simon

  3. 1. Apple не ги измисли смартфоните. Екрани на допир и апликации имаше и пред iPhone.

    2. Да не се повторувам, види кај мене на блог http://mislam.blogspot.com/ ЗОШТО мислам дека Apple направи штетна работа. Тоа не е хејтање, истото го мислам за секоја фирма која се богати врз БЕСМИСЛЕНИ патенти.

    1. 1. Дали пред iPhone имаше смартфони со екран на допир без stylus? Дали имаше апликациски продавници како Android Play и App Store? А сега кажи ми, кога излезе Android Play? Кога излегоа другите смартфони со екран на допир што реагира на нежен допир од прст без да го маваш телефонот со нокт зошто не реагира?

      Пред iPhone компаниите нема конкуренција и не се обидуваа нови работи, а откако излезе, "guess what? let's make a phone that can be similar to the iPhone! Almost same functions, but cheaper, so more people can buy it!".

      2. Замисли ти да измислиш вселенски брод и некој друг да ти го копира дизајнот, функциите и се останато. Нема да го тужиш за доброто на светот. Претпоставувам.

      3. До дебатава нема да победи никој зошто колку и да имам аргументи ти секогаш ќе бидеш во право.

      Како за крај, повели http://www.mobilopen.org/images/2010/07/130080852

      Поздрав!

      1. А да заборавив да напоменам. Преброј колку постови на твојата страна се за iPhone, а колку за другите телефони… Знаеш зошто? Зошто за iPhone има што да се збори…

        Сите новости кај другите телефони се кај Android, не кај телефоните.

      2. 1. ДА, и тоа првиот телефон со тач беше без стајлус ;), да имаше апликациски продавници, виндоус стор имаше од 2004(не ме фаќај за збор.)
        2. хахахахахахха да да само дека ајфонот искочи денеска немаше да имаме ние сони ериксони и нокии на тач.. дечко се слушаш шо збориш бе? сони ерисон на т68и стави за првпат на светот блутут, нокиа разви многу добра технологија, самсунг добар хардвер… а тогаш ни I од Iphone немаше…
        3. Немаш никакви аргументи, ако ти си некој епл фанбој, живеј си со тоа дека е најдобар… но пред него над 50фирми работеа на нешто што се вика ТЕЛЕФОН… а не ШИТФОН…

      3. Ма немој моолимте ахаха пред iPhone немаше телефони на допир без стајлус? Од каде ја изваде оваа информација? Од задникот?

        Јас имав LG Prada кој излезе пред iPhone, а неколку години предходно се сеќавам на еден телефон на Сони Ериксон по кој плачев како дете мислам дека беше P910 (Announced 2004, 3Q).

        Вселенски брод???? Другарче Apple ги тужи Samsung поради заобленоста на иконите! Тоа е за тебе откритие? Заоблени агли?

        Не ме разбирај погрешно, ги сакам производите на Apple (од дизајнерски аспект), но ги мразам хард кор фановите како тебе!

  4. @vixxa totalno si vo pravo, goodbytes mu se gleda oddaleku deka go obazava iphone isto kako i celio drug svet, samo nemoze da si go dozvole u makedonija so 500e i ima nekoj android od 100e i se pravi k…c

  5. @GoodBytes Apple направи револуција на смартфони, таблети и компјутери (делумно). Претпоставувам твојит исказ доаѓа од човек што нема Apple производ (т.е. знам дека немаш).
    However… Haters gonna hate.
    П.С. Да не беше iPhone немаше да постојат денешните смартфони, ако не си забележал сите излегоа после iPhone, односно го копираа.

    1. Android started in 2003 and was bought by Google in 2005. That’s two years before Apple released its first iPhone in 2007.

      Сам себе го убил… Зошто Зошто ?

      зар сметаш дека телефоните се смарт заради хардверот ?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии