Samsung конечно претстави убав телефон; ова е Galaxy Alpha

Galaxy Alpha е првиот телефон од Samsung кој нема да биде направен само од пластика. Дизајниран е да биде вистински конкурент на iPhone; со метална рамка, тенок 6,7 милиметри, со 4,7 инчен HD екран, 12 мегапиксели камера, процесор со четири јадра и Android KitKat. Samsung вели дека Alphа e „еволуцијата на дизајнот на Galaxy“, што може да значи само едно нешто – нема веќе high-end пластични уреди од јужнокорејскиот производител.

Но, пред да го пофалиме Samsung, треба да знаете дека Alpha има само метални рамки од страна, позадината останува пластика како кај S5. Освен рамката, друга разлика во дизајнот на Alpha e што аглите сега се пооштри, а телефонот изгледа почетвртаст и поелегантен, но и наликува малку на iPhone. Последново e лоша вест за Samsung кој е во постојани кавги со Apple за кој го копира кого. Според Samsung, кои велат дека развија „нов пристап кон дизајнот“, можно е Alpha и сите идни уреди да бидат изработени во различни бои по барање на корисникот, иако основните бои ќе си останат како до сега – црна, бела, златна и сина. Засега нема детали за цената, иако според перформансите Alpha би требало да е поевтин од Galaxy S5. Ќе дознаеме во септември.

[youtube]u8OZoyHvX78[/youtube]

2 коментари на “Samsung конечно претстави убав телефон; ова е Galaxy Alpha

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии