Samsung ќе користи апликации од Microsoft за идните Galaxy телефони?

Дали тоа што со години не му успева на Google, конечно му успеа на Microsoft? Се зборува на интернет дека Samsung во новиот Galaxy S6 ќе ги замени своите апликации со апликации на Microsoft, вели Sammobile.

Galaxy S6 ќе доаѓа со преинсталирани Skype, OneNote, OneDrive, Office Mobile и Office 365 со претплата. Microsoft веќе подолго време е фокусиран да земе поголем простор на сите платформи, a неодамна компанијата го издаде и Office пакетот за Android. Според Sammobile можно е интеграцијата на апликациите од Microsoft да се дел од спогодбата помеѓу компаниите за патентите на Nokia.

Microsoft се почесто се позиционира како производител на софтвер и услуги, а позициионирањето на апликациите на еден од најпопуларните Android телефони, може да ја зголеми популарноста на сервисите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии