Samsung ја најави новата верзија на Bixby 2.0

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Samsung

Најголемиот производител на паметни телефони, Samsung ја најави надградбата на својот гласовен асистент. Компанијата како и конкурентите, Amazon и Google сака да го користи асистентот за управување со паметни уреди.

Samsung произведува куп уреди, од телефони до телевизори и фрижидери, па се чини дека нема да има недостаток на уреди за управување. Компанијата сака да го користи Bixby 2.0 како центар на сопствениот екосистем.

Компанијата верува дека со новата надградба ќе привлече повеќе развивачи. Поради ова, новата верзија на Bixby доаѓа со можност развивачите да го интегрираат асистенот во своите апликации. Новитет е и доаѓањето на Bixby на паметните телевизори од Samsung, засега единствено во САД и Јужна Кореја.

Што е Bixby?

Bixby е гласовен асистент од Samsung. Компанијата прв пат го претстави пред шест месеци. Функциналноста е замена за S Voice  која на телефоните беше достапна од 2012 година.

Засега Bixby е досапен единствено на корејски и англиски, а германската верзија треба да биде достапна до крајот на годината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии