Samsung ја гради својата најголема фабрика за чипови, вредна 14,7 милијарди долари

Дејан Соколоски

во Свет

Samsung Electronics ќе инвестира рекордни 14,7 милијарди долари во нова фабрика, која е лоцирана во Пиеонгтаек, град кој се наоѓа 75 километри јужно од Сеул. Фабриката ќе отвори 150.000 работни места што претставува третина од популацијата на Пиеонгтаек, јави Reuters.

Компанијата најави дека засега сè уште размислуваат за функцијата на фабриката, односни дали ќе произведува мемориски или логички чипови. Дел од експертите предвидуваат дека компанијата во третото тримесечие за прв пат во три години, заработката од полупроводници ќе биде повисока од заработката на одделот за производство на телефони. Одделот за паметни телефони на Samsung пак неколку квартали по ред забележува пад на профитот, пред се поради истиснувањето на телефоните од средна и ниска класа од Lenovo.

„Засега единствен оддел кој носи стабилен профит е одделот за полупроводници, така изгледа дека компанијата ќе продолжи со вложувањата во овој секотор“, вели аналитичарот на IM Investment, Ли Мин-Хи, за Reuters.

Фабриката ќе биде потготвена и ќе започне со производство во 2017 година. Стравувањата се дека со тоа Samsung ќе добие уште поголем дел на пазарот и ќе се наметне како еден вид монопол.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии