Samsung изгуби 1 милијарда долари откако Обама ја поништи забраната за продажба на iPhone

Вредноста на Samsung падна за 1 милијарда долари, откако администрацијата на американскиот претседател Барак Обама стави вето на судската одлука за забрана на продажба на iPhone во САД, пишува Wall Street Journal. Неодамна Интернационалната трговска комисија на САД (ITC) пресуди дека Apple прекршил патенти на Samsung за безжично 3G пренесување на податоци на повеќе уреди во исто време. Одлуката значеше дека ќе се забрани продажба на iPhone 4, iPhone 3, iPhone 3GS и iPad 3G и iPad 2 3G моделите кои ги продава AT&T во САД.

Покрај изгубената вредност, Samsung се соочува со можна забрана за продажба на свои уреди во САД. Во петок ITC ќе разгледува друг случај по поплаки од Apple за прекршени патенти, со кој е можно да се забрани продажба на Samsung Galaxy S, Galaxy S II и Galaxy Tab 10.1 во САД. Како и во случајот со Apple, Samsung ќе има 60 дена за да се обжали кај американскиот претседател.

Властите на САД изјавија дека ќе ја следат внимателно таа одлука, а нивните колеги од Јужна Кореја изјавија дека одлуката на ITC околу легалните битки меѓу двете компании можат да предизвикаат и политички проблеми. Аналитичарите на WSJ се согласуваат со јужнокорејските власти, објаснувајќи дека ако со претседателско вето му се даде предност на Apple пред Samsung, тоа ќе предизвика проблеми во трговијата меѓу двете земји.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии