Samsung го претстави импресивниот Galaxy S4, но дали сакате перформанси или дизајн?

Се ново сега е старо пак, вели Gizmodo кои ја имаат првата (но не и толку позитивна како што би очекувале) рецензија на Samsung Galaxy S4. Овој „flagship” телефон на јужнокорејската компанија е наследник на S3, најомилениот и, до сега, најдобриот Android телефон, што му дава добро педигре на S4 пред потрошувачите. Но, тоа што е пинтересно е што иновациите кои ги има Galaxy S4, и неодамна претставениот HTC Оne, покажуваат дека Android платформата сега е рамо-до-рамо со iOS на Apple.

Samsung Galaxy S4 доаѓа со 5-инчен екран, но благодарение на одличниот дизајн телефонот е скоро исто голем како S3, само 2 милиметри поголем, и дури тежи помалку за 25 грама, вкупно 130,4 грама. Екранот е Full HD 1080p Super AMOLED со резолуција од 1920×1080 и густина на пиксели од 441 пиксели на инч. Работи на 1,9 Ghz процесор со четири јадра, има 2 GB RAM, 16 GB простор со можност за microSD, и 2600mAh батерија што би требало да држи до 15 часа користење. Цената за телефон без договор сè уште не е откриена, но ќе се знае по 26-ти април кога официјално ќе стартува продажбата.

Тоа што е ново кај Galaxy S4 е што доаѓа со интересен сет на опции како скролање со очите, SmartPause која го паузира видеотo ако го тргнете погледот од уредот, Air View за отварање на попап екранче да видите што има во имејлот или на фотографијата без да ја отворите, S Health апликацијa за следење на чекорите по скали, потрошените калории и итн., има и Drama Shot за сликање куп слики одеднаш и потоа ги спојува во една голема слика и двојно фотографирање со предната и задната камера, има Group Play за да се поврзат до 8 телефони преку NFC, Adapt Displey кој ја менува бојата ако забележи дека читате многу текст на бела површина, и секако сето работи на на Android 4.2.2 ОС. Eден куп технологии спакувани во еден паметен телефон.

[youtube]2LHv1FPd1Ec[/youtube]

Која е конкуренцијата на Galaxy S4?

Galaxy S4 е навистина набилдан телефон со нова технологија и супериорен хардвер, но тоа до сега не го спречи iPhone да биде пред сите други и со полош хардверски перформанси, барем на хартија. Импресивните перформанси на Galaxy S4 не треба да се занемарат, но се чини дека паметните телефони не се наменети само за хардкор гиковите и фановите, туку и за пошироката публика која сака поубав и помодерен дизајн.

„Вистина е дека Samsung ја помести границата за спакуваниот хардвер и софтверските функционалности, сепак Apple e подобар од своите конкуренти бидејќи нуди едноставни за користење уреди со елегантен дизајн. И нема знаци дека компанијата ќе се отргне од таа стратегија.“, вели Cnet.

Можеби најголемата конкуренција на Samsung Galaxy S4 ќе бидат другите Android уреди кои се натпреваруваат со Apple во дизајнот. Според Gizmodo, Galaxy S4 ги оставил „неинспирирани“ бидејќи го споредувале со HTC One кој бил побрз и подобро дизајниран. Според IGN, Galaxy S4 е вистински телефон за фановите на Android, но ако некој сака да промени платформа пример од iOS да се префрли на Android, или сака модерно дизајниран телефон и технологија, тогаш Samsung не е правиот избор бидејќи „Sаmsung се фокусирал на внатрешните промени на телефонот, наместо да го револуционизира дизајнот“. Со ова се сложува и Wired кој вели дека дизајнот на S4 е ист како претходникот, но „ќе им се допадне на сите кои го сакаат S3“, и благодарение на хардверот ќе може да понуди добро гејминг искуство.

Сепак браво за Samsung што уште еднаш ги помести границите на тоа што може да биде спакувано во еден телефон. Нивната храброст ќе ги мотивира другите да направат уште подобри и поиновативни уреди. Или ќе пропаднат обидувајќи се.

30 коментари на “Samsung го претстави импресивниот Galaxy S4, но дали сакате перформанси или дизајн?

  1. А јас мислам дека тие што купуваат скапи смартфони се чисти будали и show-offsf!!! Ќе давам 30-40.000 илјади денари за уред што по правило треба да служи за ало ало, ама јас ќе си купам лудница PC за тие пари бре.

    Камера јака имале ма како не, со тие пари само каков дигиталец ќе си купам

    Факт е дека ги купувате само за да се покажете пред јавноста и никогаш нема да му ги искористите правите потенцијали. Тоа е реалност.

    1. Истотака факт е дека немам некој смартфон(алкател от 985)но доволни ми се неговите функции. Можам да си сурфам на нет кога не сум дома или кога немам нет дома, да си слушам музика и да гледнам некое видео од време на невреме. Јес да телефоните служат за јавување и за пишување СМС пораки но сега како што идат времињата се повеќе и повеќе смартфоните наликуваат на таблети и воопшто не се практични за секојдневна употреба затоашто кај бива 5 инчен телефон да го ставиш у џеб? Спомна камера, јас отсекогаш сум бил тој еден во друштво кој викал дека не го зимам телефонот за камерата, ако сакам квалитетна камера ќе си земам фотоапарат кој не е ни приближно скап колку еден смартфон од висока класа.
      П.С кој беше тој паметен админ да го брише коментарот? На кого го потресе вистината?

      1. Сите навредливи и вулгардни коментари ќе бидат избришани. Бидете креативни, можете и без пцовки и навреди да споделите аргумент. Коментарите се за дискусија, не за лични нервози.

  2. Не гледам дека нешто од новите функции на СГС4 е практично и употребливо. Се е ставено само и само за чалам. За други телефони не ме интересира, овде разговараме за новиот СГС4, бидејќи имаше големи очекувања од телефонот, а се издишаа како балон од сапуница.

    1. Како тоа збориме за галакси с4 кога и с3 го спомна во претходниот коментар?! Види шо ќе ти кажам батка, можеби галакси с4 не е тип топ телефон но сигурно не е за фурање(чаламење), типичен телефон за фурање ти е твојот фаворит, iPhone кој откога е направен има превисоки цени и никаква функционалност и практичност. Галакси с4 е многу голем телефон но сепак му се ставени многу нови и корисни функции, како и појачан процесор, зголемена рам меморија, подобар екран.. Муабетот ми е, колку и да е лош галакси с4 има многу полоши, поскапи и по нефункционални телефони од него.

  3. vie ako zimate telefon za da go treskate od zemja blaze vi na mozoko so go nosete u glavata! Sekoj to kupuva telefon 600 Eura ima 600 denara za negova zastita! Sto se odnesuva dizajnot se gleda na site po komentarite bez razlika dali ste apple, samsung, nokia ili bilo cij fanovi deka telefonite gi zimate, sto velat kaj nas "za cal'm" ili za falenje! Abe braka so ovaj S4 imate minimum 15 opcii poveke od sekoj drug telefon! Ako zimate telefon za falenje i kineski iPhone ili Xperia Z ke vi zavrsat rabota nemora original da zimate! Ako sakate performansi i DOBAR telefon togas na S4 od avion se gleda deka (sega za sega) mu nema konkurencija!
    p.s. iPhone 4S imam i sakam da se prefrlam tokmu na S4! taka da Viktor moze da si go editira tekstot gore zatoa sto gledam preporacuva kako demek ne bilo dobro! te molam ostavi drugite da kazat sto e dobro namesto ti da im delis mislenje so fanboizam :)

    1. Факт е дека моментално најчаламски телефон е СГС3.

      С4 ќе стане следниот омилен за чаламџиите, пошто имал цели 0.2 инчи поголем екран (за што ќе ти се, никој не му е јасно). Тоа е основната дефиниција на чаламизмот – земаш нешто што не знаеш за што ти е, како пример скролање со очи (небаре прстите ги изабевме од скролање) и слични глупости што се ставени само за чалам а имаат практичност НУЛА.

      1. А демек iphone-от има исклучиво практични работи, ништо чаламџиско :)
        Да не спомнуваме дека целата фора на неговиот маркетинг е исклучиво – чаламење :)

  4. Kako i da Apple Iphone 5 ili 6 vi prodava software i toa dosta optimiziran znam deka Android ima trista opcii beskorisni ili korisni ama Memoriski i Aplikaciski e baven ili se usporuva otkako memorijata ke se napolni.

    Isto pri padovi aluminskiot oklop go stiti od padovi.

    Karbon plastikata kaj Galaxy S3 i 4 e dovolno cvrsta no ne i jaka zastita na ekranot.

    1. Не се телефоните наменети за да ги акаме од земја/ѕид…
      Сеуште не ја научивте архитектурата на двата оперативни системи… Епл продава софтвер кој е далеку пооптимизиран од андроидот но не е толку функционален колку што е андроидот. Кога ќе влезеш во ајтјунс и ќе забележиш дека таа апликација што си сакал да ја купиш е над 20 долари и кога ќе ти текне дека пиратски софтвер не прифаќа ајфонот ќе го баталиш трајно и ќе се префрлиш на андроид.

  5. Корисник сум на ајфон 4 и Галакси Ноут 2 , и искрно да кажам ни двата немаат споредба во дизајнот со Сони еџпериа З како што кажа Борисето , барем тоа е мое мислење , а за С 4кава можам да кажам дека има далеку подобар дизајн од С 3 иако на прв поглед изгледаат сосема исто ;)

    1. не е поштено истовремено да користиш iphone и галакси… тоа ти е како истовремено да си и за американците и за русите… :)

  6. Земете си iPhone и мерете си ги со него. Ама не тресете зелени пред јавноста. Факт е дека iPhone5 кој се појави неодамна, едвај има логика да се споредува со S3, кој според многумина е подобар телефон. S4 од далеку се гледа дека е научна фантастика во споредба со iPhone5, што и самите го признавате, но во очаен обид да си го одбраните парчето ѓубре кое кошта многу, а го составуваат деца во Кина (се користи детска работна сила), тврдите дека има подобар дизајн. Искрено, мислам дека iPhone има еден од најглупите дизајни што било кога сум ги видел, ама ај да не дискутираме за вкусови. А кога не дискутираме за вкусови, пак сликата е јасна. Ич да не спомнувам дека процесорот на вашиот iPhone е повторно производ на Samsung. Сакале вие или не, држејќи в раце iPhone, имате телефон со срце (ај мозок ако тоа ви прави да ви е полесно) произведено во Самсунг :)

    p.s. @Драган – ај види уште еднаш горе во табелата на спецификации за процесорите. И octa значи 8, quad значи 4. Кај најде 4 x 1,6? Убаво е кажано, имаш верзија со 8 x 1,6 GHz и верзија со 4 x 1,9 GHz.

    1. За да нема критики со „мерење“ во текстот има линкови од реномирани и различни блогови кои го виделе S4. Затоа и се во текстот, за читателите подобро да разберат за телефонот, наместо да се натпреваруваат во фанбоизмот.

      1. И пак ќе има некој епл фан бој кој ќе продава оломлански пуканки како тоа парчето ѓубре(ајфонот)е најбољи телефон на денешницата..

    2. a ti pak sto tolku si zapnal deka Samsung e podobar od iPhone i bla bla bla… kako politicar da si so toa ne zamajuvajte ja javnosta :D

      Jas ne se soglasuvam so tvoeto mislenje. Samsung ima neverojatni telefoni a za dizajn se sekogas pozadi drugite. Ako zboruvame za dizajn na telefoni, na Nokia i Sony im nema ramen. Sekogas se bile inovativni i ponapred od Samsung uste od vreminjata koga nemase telefoni so touch tehnologija.

      Ako go mrazis Apple ne moras tuka da ni popuvas i nie da go mrazime. Sekoj si ima sopstven vkus, na nekogo mu e pobiten dizajnot na nekogo konfiguracijata…

      p.s. a Samsung demek vo Korea go sostavuvaat??? Site proizveduvaat vo Kina i India decko, pogledni si na kutijata na tvojot Samsung pa ke vidis.

      p.p.s pred da reces jas sum Apple fan boy da te demantiram odnapred, imam Samsung Galaxy sII i e Made of China :D i ne bese vo nisto poevtin od Apple koga go zedov pred dve godini no definitivno pojaka konfiguracija, vo toa nema somnenie :D

      1. Не бил поефтин но барем си зимал телефон што ќе можеш да го користиш за нешто, а не да си ограничен на мизерни функции кои ти налагаат глупавите американци да ги користиш. Можеби дизајнот на самсунгот не е којзнае каков но затоа под хаубата се крие неверојатен ѕвер.
        Нокиа отсекогаш правеле хардверски квалитетни телефони и сега ќе беа сеуште лидери на пазарот на паметни телефони ако не направеа глупава грешка со нивниот софтвер кој не сакаа да го заменат со андроид, епа сега нека му смрди..

      2. Последниот Samsung кој го имав беше Made in Korea, ама не е битно, можда и тие произведуваат во Кина, зошто да не. Инаку моментално користам ZTE Kis Lite и сосем доволно ми брка работа. Не давам пари за телефон на кој нема да му ги искористам можностите до максимум, а за моите моментални потреби, ова ZTE совршено си ја брка работата. Додуша, не верувам дека некој искористува доволно можности на било кој телефон, за да вреди за истиот да плати вредност на 1 – 2 лаптопи, ама…
        Инаку овде правам џеви бидејќи органски не поднесувам кога некој удира со глава в ѕид дека нешто е подобро од нешто друго, што нема врска со реалноста. Како да си докажуваме дека 10 год. стар Мерцедес е подобар од вчера произведено Ламборџини :)
        *Затоа јас играм на варијантата: Шо па баклава, ќе си јадам еклер… Зошто Мерцедес или Ламборџини, ќе си возам Форд. Каков ајфон, каков галакси, земи си зте (пред да избувни дебата, не мора зте, нека види хтц, лг… не е битно) и терај си работата :)

  7. Ок, на коњите им ставаат од страна на очите едни браници (не ми текнува како се викаат) за да гледаат само право. Apple од друга страна нема потреба да го прави тоа за своите фанови, бидејќи денес Светот има мнозинство слепци кои не сакаат да ја видат реалноста и упорно гледаат само пред себе. За почеток, самиот генерален изглед на вашиот iPhone е буквално (во целост) украден токму од модел на Samsung (и не ми серете сега дека за тоа Samsung паднале на суд, Apple падна на секој суд, освен на америчкиот, кој од друга страна неодамна значително му ја намали казната, а како што тргнало можеби и ќе ја поништи).

    1. А зашто одма помисли на тоа дека се споредува со ајФон5 за дизајнот? И тој ми е глуп. Види ги HTC One и Xperia Z од андроидите за дизајн, па после треси зелени.

      1. Ај сега прочитај го текстот погоре и најди го делот кај што се споредува со iPhone… Од сегментот подолу јасно се гледа кој со кого се споредува, иако дискретно пробуваат да не остават таков впечаток. Упорно се споредува научна фантастика со стар хардвер. Како i7 процесор да споредуваме со P4 на s478 :) Двата се P4, ама разликата е неспоредлива.

        Значи на ова се однесува тој дел: „Galaxy S4 е навистина набилдан телефон со нова технологија и супериорен хардвер, но тоа до сега не го спречи iPhone да биде пред сите други и со полош хардверски перформанси, барем на хартија. Импресивните перформанси на Galaxy S4 не треба да се занемарат, но се чини дека паметните телефони не се наменети само за хардкор гиковите и фановите, туку и за пошироката публика која сака поубав и помодерен дизајн.“

      2. По што следи цитат од реномиран блог (не од мене) кој зборува за дизајнот, како и подолу пасус од други реномирани блогови кои исто така коментираат за дизајнот.

        Не вади работи од контекст за да си ја наместиш критиката. :)

      1. Во еден од слоганите на Самсунгот пишуваше „improved design“, на тоа мислев.

  8. default процесор му е Exynos 5 Octa 5410 (Quad-core 1.6 GHz Cortex-A15 & quad-core 1.2 GHz Cortex-A7), Qualcomm Snapdragon 600 на 4 јадра ке биде алтернативата за USA :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии