Samsung го претстави Galaxy Z Flip 5G

Самсунг повторно најави телефон од „Fold“-серијата, но овојпат не станува збор за F телефоните. Овојпат тоа е надградбата на Galaxy Z Flip 4G, кој го носи истото име само што сега наставката е 5G.

Секако овие телефони уште некој период ќе бидат интересни за љубителите на паметни уреди, а со оглед на технологијата која се користи се чини дека во догледно време нема да бидат достапни за сите. Новиот Galaxy Z Flip 5G ќе чини 1450 долари.

Покрај 5G радио, телефонот доаѓа со Snapdragon 865 Plus процесор, кој е мала надградба во однос на процесорот од 4G верзијата. Телефонот доаѓа со 6.7-инчен FHD+ Dynamic AMOLED дисплеј (21.9:9) – Infinity Flex Display 2636 x 1080 и 425ppi; 8GB RAM и 256 GB диск и батерија со капацитет 3,300 mAh. Оперативниот систем e Android 10, а остатокот од спецификациите се достапни на страницата на Samsung.

Ова е еден од двата модели на Samsung со флексибилен екран. За разлика од попопуларниот и значително поскап Galaxy Fold 2, овој уред се превиткува по подолгата страна и помалку потсетува на старите флип телефони.

Телефонот е еден од најдобрите телефони со флексибилен екран, но како што пишува Verge ова е мала група полна со разочарувања. Испораката не телефоните започнува на 7 август, два дена по официјалното претставување на вториот претставник на Galaxy Fold серијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии