Samsung го претстави Galaxy Tab 2, прв нивен Ice Cream Sandwich таблет компјутер

Samsung го претстави својот нов 7-инчен таблет компјутер Galaxy Tab 2 кој ќе работи на најновaта верзија на oперативниот систем Android, позната како Ice Cream Sandwich.

Изненадувачки Galaxy Tab 2 хардверски не е ништо подобар од претходникот Galaxy Tab 7.0 Plus. И двата имаат 1 GHz dual-core процесор (од различен производител), 3 мегапиксели камера, 1 GB RAM и 7-инчен WSVGA дисплеј со резолуција 600×1024.

Секако дека фокусот тука е на многу подобрениот Android 4.0, попознат како Ice Cream Sandwich, кој е оптимизиран за таблет компјутерите. Тоа значи дека има подобар кориснички интерфејс со едноставно префрлување меѓу апликации, подобро и побрзо работење меѓу повеќе апликации и со интегрирани Google апликации. Со Ice Cream Sandwich ќе може да се користи и Google Chrome што сигурно ќе биде побрзо прелистување.

Но, малку е нејасно зошто Samsung претставува нов таблет компјутер со ист хардвер како Galaxy Tab 7.0 Plus бидејќи и овој „постар“ таблет компјутер за некоe време ќе добие опција да си го надгради својот оперативен систем во Ice Cream Sandwich верзијата.

[youtube]0IVwzPw-mt4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии