Samsung го претстави Galaxy Book S, лаптоп што работи 23 часа со едно полнење

Дејан Соколоски

во Хардвер

Минатата недела заедно со претставувањето на Note 10, Samsung го претстави и лаптопот Galaxy Book S.

Лаптопот доаѓа со 13,3-инчен екран на допир и тежи помалку од еден килограм (960 грама). Процесорот Snapdragon 8cx доаѓа од Qualcomm. Ова е првиот компјутер кој доаѓа со овој процесор па ќе биде интересно да видиме како ќе се покаже. Snapdragon 8cx е 7nm 64-битен процесор со работна фреквенција од 2,84 GHz; доаѓа со 8 GB DDR4 RAM и избор помеѓу 256 и 512 GB диск. Овој простор може да се прошири до 1TB си microSD картичка. Веројатно најимпресивен дел од лаптопот засега е батеријата со капацитет 42Wh. Според најавата Samsung Galaxy Book S може да работи и 23 часа помеѓу две полнења.

Лаптопот доаѓа со Windows 10 оперативен систем и тоа или Windows 10 Home или Windows 10 Pro.

Ако му веруваме на Samsung, лаптопот е со 40% побрз процесор и има 80% подобри графички перформанси од претходникот Book2.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии