Samsung го претстави Galaxy Book 2

Image courtesy of Samsung

Samsung претстави нов 2 во 1 хибрид. Galaxy Book 2 е нов уред кој може да се користи како таблет или лаптоп.

Оваа верзија на уредот доаѓа со Qualcomm Snapdragon 850 процесор на 2.96GHz; 4 GB RAM; 128 GB SSD. Екранот е 12-инчен AMOLED со резолуција 2160 х 1440. Заедно со уредот доаѓа и тастатура и електронско пенкало. Во време во кое за сè се плаќа дополнително, додавањето на додатоците во цената на лаптопот е добредојдено.

Што се однесува до портите и поврзувањето. Galaxy Book 2 доаѓа со 2 USB Type C, порти, microSD слот и 3,5 mm приклучок за слушалки. Уредот е постојано онлајн, а благодарение на Snapdragon 80 модемот, се поврзува на LTE мрежа. Со едно полнење на батеријата може да работи до 20 часа, што делува импресивно.

Најверојатно најголем недостаток на уредот е високата цена. Galaxy Note 2 доаѓа за 1000 долари. Се чини дека за оваа сума може да добиете и подобар хардвер. Најмногу се чини дека недостасува RAM, дури и на телефоните Samsung става 6GB RAM, па малце е збунувачки зошто штеди на таблетот.

Сепак  изгледа хардверот не претставува никаков проблем. Дел од корисниците кои имаа можност да го тестираат уредот имаат проблем единствено со верзијата на Windows 10. Таблетот доаѓа со Windows 10 S, но бесплатно може да се отклучи и да се користи со стандардната верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии