Samsung ги повлече барањата за забрана на Apple телефони во Европа

На изненадување на сите Samsung се реши да ги повлече сите забрани за продавање на iPhone во Британија, Германија, Франција, Италија и Холандија за да го испочитува „изборoт на корисниците“. Во изјавата пратена до Verge, Samsung вели дека верува во фер конкуренција на пазарот.

„Samsung останува посветен во лиценцирање на својата технологија под фер, совесни и не-дикриминаторски услови, и веруваме дека е подобро кога компаниите се натпреваруваат фер на пазарот, наместо во судовите. Во тој дух, Samsung се реши да ги повлече своите барања за забрани против Apple на основа на нашите стандардни патенти кои чекаат одобрување од Европскиот суд, со цел да го заштитиме интересот на корисниците“.

Сепак не е јасно дали Samsung се повлекува поради истрагата на Европската унија која треба да провери дали јужно-корејската компанија навистина дозволува фер користење на нивна технологија. Според европските закони, стандардните технологии мора да бидат под, таканаречени, FRAND лиценци, односно да се фер, не-дискриминаторски и достапни за сите на кои им се потребни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии