Samsung Gear Live и LG G Watch се првите паметни часовници со Android Wear

Беше познато дека LG и Motorola на своите паметни часовници ќе излезат со Android Wear OS, а се чини дека во последен момент им се приклучи и Samsung. Samsung Gear Live е првиот часовник на компанијата, и е веќе во продажба заедно со конкурентот, часовникот на LG G Watch. Motorola која се чини дека го има најубавиот часовник сепак ќе задоцни со објавувањето, што можеби е и разбирливо со оглед на тоа дека се единствен производител кој се одлучи на Android Wear за кружен екран.

Што се однесува до спецификациите и двата часовници доаѓаат со слични екрани 1.63 на Gear Live и 1.65-инчи за G Watch и резолуција од 320х320 за Gear Live и 280х280 на G Watch. Двата часовници доаѓаат со 1.2GHz процесори за LG е познато дека тој процесор е Snapdragon 400, а Samsung засега не го откри процесорот; двата часовника доаѓаат со 4GB простор и 512 MB RAM; батериите се со капацитет од 400 mAh (LG) и 300mAh (Samsung) што обезбедува еден ден работа помеѓу полнењата. Цената на часовниците зависи од локацијата, така во САД Gear Live е поевтин и чини 200 долари за разлика од G Watch кој чини 230 долари. Во Европа пак часовникот на Samsung чини 290, а G-Watch 270 долари.

[youtube]_KiF8R3P8Vw[/youtube]

[youtube]NFDW5Q38_0E[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии