Samsung Galaxy Tab S e потенок од iPad Air, но дали ќе биде и попопуларен?

Oткако ги претрка на пазарот на паметни телефони, Samsung сега се обидува да ги стигне 70-те милиони испрачани Аpple iPad-и. Samsung, кој има вкупно 10 таблет компјутери на пазарот, испорачани во 40 милиони парчиња, својата шанса ја гледа во Galaxy Tab S кој е потенок и полесен од iPad Air.

[youtube]qwpfT9jtsMk[/youtube]

Првите рецензии се одлични. Galaxy Tab S е опишан како „огромен Galaxy S5″ од Wall Street Journal, што е одлична критика за Samsung. Tаблетот доаѓа во две големини и е потенок од iPad Air, со екран од 8,4 и 10,5-инчи, и се само 6,6 милиметри тенки, потенки од iPad Аir кој има 7,5 милиметри. Таблетот има Super AMOLED екран со 2560×1600 резолуција, што е подобра од iPad Air; работи на процесор со осум јадра и Android 4.4 Kitkat, и има сензор за отклучување со отисок од прст.

Овојпат Samsung се потруди околу дизајнот. Galaxy Tab S е само зголемена верзија на Galaxy S5, се согласува Verge, што значи дека дизајнот е подобар, и „не изгледа како дека ќе ви се распадне во раце“ што беше маана на сите претходни уреди на Samsung. iPad Air е таблет со премиум алуминиумски дизајн, кој изгледа убаво и нуди пријатно чувство кога се држи во рака. Уредите на Samsung, пак, се пластични со дизајн кој е неспоредлив со моќниот хардвер кој се крие внатре, ниту пак изгледаат како да вредат 400 долари за 8,4-инчната верзија, или 500 долари за 10,4 инчниот модел.

[youtube]kgjDxSi7o9Q[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии