Samsung Galaxy S9 доаѓа на MWC во Барселона

CES уште не завршил, а Samsung Electronics веќе работи на следниот голем настан, Mobile World Congress кој се одржува во февруари. Традиционално, домаќин на настанот е Барселона, а оваа година посетителите ќе можат за прв пат да го видат новиот Galaxy S9. Ова го објави претставникот на компанијата на конференција на CES во Лас Вегас.

Ова можеби е помало разочарување за фановите на компанијата кои дојдоа во Лас Вегас и се надеваа дека ќе имаат можност да го видат телефонот. За жал, од Samsung велат дека ќе мора да се стрпат уште малку и да почекаат до следниот месец.

Од Samsung објавија и дека гласовниот асистент Bixby 2.0 доаѓа оваа година. Иако малку доцнат сo гласовниот асистент, компанијaта планира ова да го надополни со квантитет. До 2020 година, сите производи на Samsung ќе доаѓаат со имплементиран Bixby.

Ентузијастите можеби ќе ги интересира и дека компанијата за оваа година го планира и издавањето и почетокот на продажба на првиот телефон со екран кој може да се превитка. Велат дека најголем предизвик во дизајнирањето и изработката на телефонот е корисничкото искуство.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии