Samsung Galaxy S8 и S8+ во Македонија од 28 април

Image Courtesy of Samsung.com

На настан оддржан во ресторанот Воденица во Скопје, пред претставници на медиуми и деловни партнери, Samsung Македонија ги најави новите модели Samsung Galaxy S8 и Samsung Galaxy S8+.

Со најновите модели на паметни телефони ги поместуваме границите во мобилната индустрија. Претставуваме телефони кои со својот хардвер и софтвер во потполност одговараат на потребите на современиот корисник. Galaxy S8 телефонот пристигнува со екран од 5.8‘’, додека S8+ како и повеќето модели од оваа серија имаат екран од 6.2’’. Со новиот персонализиран интерфејс – Bixby, додатокот DeX, одличната камера, унапредениот систем на сигурност како и низата функции кои корисниците ги засакаа кај претходните модели, Galaxy S8 и S8+ во потполност претставуваат пресвртница во развојот на паметните телефони“, изјави г-дин Милан Вујовиќ, маркетинг директор на компанијата Samsung за Адриатик регионот.

Image Courtesy of Samsung.com

Дел од самата презентација беше и водоотпорноста на уредот, која во малото езерце во ресторанот беше демонстрирана од професионален нуркач со отварање и кратко користење на уредот под вода.

Image Courtesy of Samsung Македонија

Samsung Galaxy S8 – Техничките спецификации

  • ОС: Android 7.0
  • Мрежа: LTE CAT. 16
  • Димензии и тежина: 148,9 x 68,1 x 8,0 mm, 152 g
  • Процесор: Осмојадрен (2,3GHz Quad + 1,7GHz Quad), 64 bit, 10 nm  / Осмојадрен (2,35GHz Quad + 1,9GHz Quad), 64 bit, 10 nm
  • РАМ: 4GB RAM (LPDDR4), 64GB (UFS 2.1)
  • Екран: Coring Gorilla Glass 5, 5,8” (146,5mm) Quad HD+ (2960×1440), (570ppi)
  • Камера: Задна камера: Dual Pixel 12MP OIS (F1.7), Предна камера: 8MP AF (F1.7)
  • Батерија: 3.000 mAh / брзо полнење (жично и бежично)
  • Технологии: NFC, MST
  • Поврзување: Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac (2.4/5GHz), VHT80 MU-MIMO, 1024QAM Bluetooth v 5.0 (LE do 2Mbps), ANT+, USB Type-C, NFC, локација (GPS, Galileо, Glonass, BeiDou)
  • Сензори: Забрзување, воздушен притисок, отисок на прст, жироскоп, геоматентен сензор, Халов сензор, сензор за срцев ритам, сензор за близина, сензор за RGB осветленост, сензор за ирисот на окото, сензор за притисок
  • MicroSD поддршка до 256GB

Samsung Galaxy S8+ – Техничките спецификации

Разликата во техничките спецификации кај S8+ е во:

  • Димензии и тежина: 159,5 x 73,4 x 8,1 mm, 173 g
  • Екран: 6,2” (158,1mm) Quad HD+(2960×1440), (529ppi)
  • Батерија: 3.500 mAh

Додека сите останати карактеристики се идентички како кај S8.

Image Courtesy of Samsung.com

Galaxy S сериите во Македонија ќе можат да го изберат својот уред во една од трите бои: “Полноќно црна“, “Орхидеја сива“ и “Арктички сребрена“, додека препорачаната малопродажна цена (со вклучен ДДВ) изнесува 49.499 денари за Galaxy S8, односно 55.999 денари за Galaxy S8+. Телефонот ќе може да се купи кај мобилните оператори и продажните партнери на Samsung.

1 коментар на “Samsung Galaxy S8 и S8+ во Македонија од 28 април

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии