Samsung Galaxy S4 пристига во Македонија, може да се нарача од Vip

Најновиот паметен телефон на Samsung, Galaxy S4, наскоро ќе пристигне во Македонија. Но, наместо да чекате редици, ќе може да го нарачате од Vip. За секоја нарачка ќе може да се добие Samsung футрола. Но, пред да нарачате ќе треба да ги прегледате цените според тарифата. Цените се движат од 10.000 денари со NoLimit тарифата, до 36.500 денари за само телефон.

Samsung Galaxy S4 доаѓа со 5-инчен екран, и иако дизајнот не е многу поразличен од претходникот S3, најголемите новини се супериорните технички спецификации и вградените функционалности на телефонот. Galaxy S4 има опции за скролање со очите, SmartPause за паузирање на видеото ако се тргне погледот, AirView за попап екранче да прегледате мејл додека гледате фотографии, Group Play за поврзување на телефони преку NFC, Аdapt Displej кој го менува светлото ако читате многу текст и куп други функционалности спакувани во Android 4.2.

[youtube]2LHv1FPd1Ec[/youtube]

1 коментар на “Samsung Galaxy S4 пристига во Македонија, може да се нарача од Vip

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии