Samsung Galaxy S3 и Google Nexus 7 се најдобрите уреди според Global Mobile Awards

Samsung Galaxy S3 е најдобриот паметен телефон, а Nexus 7 е најдобриот таблет компјутер вели жирито на Global Mobile Awards кои се одржаа на Mobile World Congress во Барселона. Samsung Galaxy S3 својата награда ја заслужи поради доминацијата на повеќе пазари, но и поради тоа што е првиот телефон кој покажува дека Android може да му конкурира на iOS. Седум инчниот таблет компјутер Nexus 7 е награден бидејќи докажува дека ваквите уреди можат да бидат моќни. Иако се помали, сепак се попрактични и преносни.

Освен за надобар телефон и таблет компјутер, награди добија апликации, технологии и компании. Кај апликациите наградите ги однесоа: најдобра апликација за потрошувачи е Facebook, најдобра апликација за компаниите е Evernote, а за најдобра севкупна апликација е избрана Waze.

„Оваа динамичка апликација е одлична во сите категории, одличен корисничкии интерфејс, заедница, штеди време и пари, но и гориво – пример за тоа како може да се искористи потенцијалот на еден преносен уред.“,  жирито ја пофали Waze.

Без сомневање одлична година за Samsung кој продолжува да гради цврст глобален бизнис за своите уреди, се коментарите за Samsung Electronics кои ја добијa наградата за најдобар производител.

Листата на сите награди можете да ја погледнете тука.

1 коментар на “Samsung Galaxy S3 и Google Nexus 7 се најдобрите уреди според Global Mobile Awards

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии